ЕУ гради неколку мегафабрики за вештачка интелигенција

Европската унија најави дека во рамки на план вреден 20 милијарди евра ќе бидат отворени од три до пет нови мегафабрики опремени со огромни суперкомпјутери во Европа, чија цел е развој на новата генерација модели на вештачка интелигенција (ВИ). Истовремено, ЕУ отвора можност за измени на постојниот закон за регулирање на оваа технологија.

ai-3319-fi

Извор: Freepik

Објавувајќи ја стратегијата за претворање на Европа во „континент на вештачка интелигенција“, потпретседателката на Европската комисија, Хена Виркунeн, изјави дека целта на овој план е Европа да стане поконкурентна, побезбедна и технолошки суверена.

ЕУ веќе започна со реализација на планот за изградба на 13 фабрики за вештачка интелигенција – локации со суперкомпјутери и дата-центри каде што истражувачи развиваат и тестираат модели на вештачка интелигенција.

Новите мегафабрики за вештачка интелигенција, чиешто градење се планира во рамки на програмата вредна 20 милијарди евра, би биле значително поголеми, насочени кон она што Европската комисија го означува како клучни иновации во здравството, биотехнологијата, индустријата, роботиката и научните откритија.

Додека најефикасните  фабрики за вештачка интелигенција денес имаат суперкомпјутери со до 25.000 напредни ВИ процесори, мегафабриките би имале над 100.000 ВИ процесори.

Според претпоставките на официјалните лица од ЕУ, ќе бидат изградени три до пет мегафабрики за вештачка интелигенција во рамки на ЕУ, при што секоја од нив би чинела од три до пет милијарди евра.

Извор: Web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.