Ручек подготвен од вештачка интелигенција – би пробале?

Во Дубаи, градот на футуристичките идеи и луксузот, наскоро ќе биде отворен ресторан кој ги поместува границите на гастрономијата - WOOHOO, првиот „ресторан на иднината“, ќе пристигне во септември и ќе биде сместен во самиот центар на градот, непосредно до познатата Бурџ Калифа.

ai-3992-fi

Извор: Freepik

Луѓето готват, но вештачката интелигенција ја има главната улога

Иако храната ќе ја подготвуваат професионални готвачи, сè друго, од менијата и амбиентот до самата услуга, ќе биде обликувано со помош на кулнарски модел развиен од вештачка интелигенција под името Chef Aiman.

Името Aiman е скратено од „AI“ (вештачка интелигенција) и „man“ (човек), а е развиено на основа на децении истражувања за наука за храна, податоци за молекуларната структура на состојките и повеќе од илјада рецепти од различни светски кујни. Како што објаснува еден од основачите на WOOHOO, Ахмет Ојтун Чакар, Aiman е замислен како дигитален готвач кој им помага на луѓето да размислуваат надвор од рамките.

ai-3992-ps1

Извор: Freepik

Иако не може да мириса, проба или физички да подготвува храна, Chef Aiman функционира така што ја анализира храната, како што се текстура, киселост, соленост, итн, и потоа ги комбинира во необични и иновативни комбинации на вкусови.

Тие предлози потоа ги тестираат и усовршуваат човечките готвачи, меѓу кои е и познатиот готвач од Дубаи, Рејф Отман, кој го води креативниот тим. Тој истакнал дека одговорите кои ги добива од вештачката интелигенција му помагаат да разбере кои комбинации функционираат и зошто, не само врз основа на податоци, туку и преку сетилото за вкус.

Целта не е заменување на луѓето, туку одржливост и креативност

„Ние не сакаме да ги замениме готвачите, туку да ги охрабриме“, нагласува Чакар, кој е и директор на угостителската компанија Gastronaut. Aiman е, додава тој, осмислен да развива рецепти кои користат состојки кои инаку се фрлаат, како што се остатоци од месо, маснотии и слично, со што директно придонесува за намалување на отпадот и подобрување на одржливоста.

Во долгорочните планови на основачите стои идејата Aiman да стане лиценциран систем кој рестораните ширум светот би можеле да го користат. На тој начин, не само што ќе придонесува за одржлива гастрономија, туку и ќе ја подигне креативноста во кујната, било да се работи за елитни ресторани или едноставни бистроа.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.