Кина воведува вештачка интелигенција во училиштата – и тоа за деца од шестгодишна возраст

Од 1 септември 2025 година, Кина ќе стане првата земја во светот што ќе ја воведе вештачката интелигенција како задолжителен предмет во сите училишта, вклучувајќи ги и најмалите ученици, уште од шеста година од животот.

kina-3455-fi

Извор: Freepik

Министерството за образование на Кина, во соработка со реномираниот универзитет Цингхуа и Пекиншката академија за вештачка интелигенција (BAAI), соопшти дека целта на овој потег е да се развие рано разбирање за современите технологии кај децата – технологии кои ќе ја обликуваат нивната иднина.

Новата национална реформа ќе ги опфати сите возрасти, од основците до средношколците и ќе содржи прилагодени лекции за основите на програмирањето, етиката на вештачката интелигенција, машинското учење и практичните апликации на AI технологиите.

Кинеските власти не ја кријат својата амбиција

Овој потег е дел од поширока стратегија со која Кина сака до 2030 година да стане глобален лидер во развојот и примената на вештачката интелигенција. Раното инвестирање во образованието го сметаат за клуч за создавање генерации кои не само што ќе ја разбираат технологијата, туку и ќе го креираат нејзиниот правец.

kina-3455-ps1

Извор: Freepik

Експертите истакнуваат дека овој пристап има потенцијал да создаде нов вид писменост – AI писменост, која во иднина ќе биде подеднакво важна како читањето и пишувањето.

Во време кога многу земји допрва размислуваат како да ги вклучат дигиталните вештини во наставата, Кина прави решителен чекор напред, јасно порачувајќи дека иднината не чека – таа се гради сега, и тоа во училниците.

Извор – bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.