Индексот S&P 500 опадна за околу 10% во однос на врвот од февруари, што предизвика паника кај многумина. Сепак, експертите им порачуваат на младите и долгорочните инвеститори: не паничете, продолжете да вложувате.
Зошто падот на берзата е прилика за младите инвеститори
Ако ја планирате својата пензија за 30 или 40 години, моменталниот пад на пазарот е само минлива епизода. Историјата покажува дека токму ваквите падови биле идеален момент за купување акции – по пониски цени, пишува CNBC.
Меѓутоа, ако штедите за пократкорочни цели, како свадба, купување автомобил или стан – ситуацијата е различна. Инвестирањето во акции во таков случај може да биде ризично, бидејќи парите би можеле да ја изгубат својата вредност токму тогаш кога најмногу ви се потребни.
Извор: Unspalsh
Ако парите ви се потребни за помалку од три години, експертите советуваат да не ги вложувате заштедените средства во акции. Наместо тоа, размислете за следните опции:
1.Штедни сметки со високи камати – безбедни се, со камати до 4%.
2.Фондови со пари или краткорочни обврзници – особено оние што вложуваат во американски државни обврзници.
Што ако штедите за нешто во следните 5 до 10 години?
Ако не сте сигурни кога точно ќе ви затребаат парите, можете да разгледате комбинација од:
– Готовина
– Краткорочни и среднорочни обврзници
Некои експерти дозволуваат и мал удел на акции во портфолиото, но со претпазливост – бидејќи падот на пазарот може да ги наруши вашите планови и да доведе до загуба на заштедата.
Како што се доближува моментот кога парите ќе ви бидат потребни, препораката е постепено да ги намалуватеакциите и да се префрлате на посигурни опции, како готовина.
Не ризикувајте со краткорочни цели
Инвестирањето е игра на долги патеки. Ако парите ви се потребни набрзо, заштитете ги – не ги изложувајте на нестабилноста на пазарот.
„Нестабилноста е цената што ја плаќаме за долгорочен раст, но таа станува опасна кога парите ви се потребни брзо“, предупредува финансискиот советник Маркус Холцберг.
Извор – Bizlife.rs