Непријатни искуства со online dating – и како да ги избегнеш

Запознавањето и состанувањето во 2025 година е вистинска авантура! Возбудата од можноста да се поврзеш со некого лесно може да се претвори во момент на „каде да се сокријам?“ – особено кога на екранот ќе ти се појави некој кого баш и не сакаш да го видиш. На пример, твојот шеф. Или пријател од детството. Некои средби едноставно е подобро да се избегнат.

dating-3457-fi

Извор: web-mind.rs

Viber Dating сега ти овозможува да ги скриеш контактите од именикот

Тука настапува Viber Dating – новата, безбедна опција за запознавање. За да те поштеди од тие непријатни ситуации, воведена е одлична нова функција: Скриј контакти. Ова ти овозможува да си го уредиш твојот dating feed по свој вкус – и да избегнеш сите тие незгодни моменти. Еве неколку ситуации кога „Скриј контакти“ ќе ти стане најдобар пријател:

Како семеен ручек во апликација. Кога на feed-от ќе ти се појави роднина, па уште од поблиското семејство… Не, благодарам. Семејните собири се веќе доволно чудни и без да се „поврзете“ на dating апликација.

Како работен inbox. Романтичните врски на работа се комплицирани. А раскинувањата уште повеќе. Тука се и клиентите, соработниците, партнерите… Никој не сака љубовна приказна да се претвори во работна драма.

 Патување во минатото. Дури и ако си останал/а во добри односи со бившите, поврзувањето со нивните најдобри пријатели не е најпаметна идеја. Замисли ги заедничките собири после тоа.

Најдобриот другар/другарка на твојот брат или сестра. Навистина не сакаш твојот брат или сестра да изгубат пријател поради еден лош состанок преку апликација.

Viber Dating знае што им е навистина важно на корисниците– контрола, приватност и флексибилност. Затоа е тука опцијата Скриј контакти, за романтичното патување да биде што помалку драматично.

Лесно е да ги скриеш несаканите поврзувања:

  1. Оди во поставките на профилот и кликни на „Скриј контакти“.
  2. Избери кои контакти не сакаш да ги гледаш и кликни „Скриј“.
  3. Ако некого особено сакаш да избегнеш – впиши го името во пребарувањето и скриј со еден клик.

Viber Dating е достапен февруари и им нуди на корисниците безбедно и приватно место за пронаоѓање партнер. Меѓу клучните опции се: скриени телефонски броеви, комбинирана AI и човечка модерација и посебен dating профил – сè со цел да се заштити приватноста на корисниците.

Со „Скриј контакти“, полесно од кога било можат да се избегнат непријатностите, а корисниците можат да се фокусираат на она што навистина го сакаат – вистинска поврзаност, според сопствени правила.

Извор – web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.