Како паметно да го користите ChatGPT и да си овозможите повеќе слободно време

Ако постои нешто што сите би можеле да го искористиме за да ги подобриме нашите животи, тоа е повеќе време во текот на денот за уживање, средби со пријателите и семејството и опуштање. Едно од ветувањата што ги носи развојот на генеративната вештачка интелигенција е дека ќе го подобрат нашето секојдневно функционирање. Дали тоа значи и овозможување повеќе слободно време?

kako pametno da go koristite chatgpt

Извор: Pexels

Постојат неколку начини на кои можете да го користите ChatGPT (или некој друг бот, како што е Gemini или Copilot) за да заштедите време, но вашето слободно време потоа може да варира во зависност од точните задачи што треба да ги завршите и колку од тие задачи сте подготвени да ги префрлите на помошникот со ВИ. Еве неколку идеи.

Нека ChatGPT работи задачи што одземаат многу време.

ChatGPT често ја докажува својата моќ во создавање генерички текстови кои автоматски се коригираат и создавање слики со прилично чуден изглед кои често ги игнорираат законите на физиката. Постојат задачи кои може да ги работи наместо вас, а да не биде тоа создавање необична поезија и фотографии кои се очигледно нереални.

Праќање е-пошта: Не губете време на составување е-пошта – замолете го ChatGPT да го направи тоа наместо вас. Само наведете го контекстот, што сакате да кажете и стилот во кој сакате тоа да го кажете, а ВИ ботот ќе произведе соодветен блок текст без никакви проблеми. Сепак, ова би можеле да го користите ограничено. За пократки пораки, побрзо е да го направите тоа сами, а за сите важни маилови веројатно би требало да одвоите време и да додадете човечки допир на генерираната порака.

Резимирање на статии: Ова може да биде вистинска заштеда на време. Насочете го ChatGPT кон статија на веб или документ на вашиот компјутер и тој може да резимира и да ги избере главните поенти за вас – штедејќи ви време затоа што веќе нема потребата сами да го поминувате целиот текст.

Обработка и кодирање на податоци: Ако треба да обработувате податоци или да ги структурирате на нови начини како дел од вашата секојдневна рутина, ChatGPT може да ви помогне во многу ситуации. Можете да го замолите да бара шаблони во податоците или да го натерате д ги претстави во HTML или да произведе формула во Excel или да создаде Google табели за управување со податоците кои ги имате.

Дури и ако знаете да кодирате, ботот може побрзо од вас да го направи тоа и да ви ослободи време да се занимавате со нешто друго. Повторно, овие ВИ ботови не се непогрешливи и можеби ќе треба да проверите и да направите некои измени, но запомнете, секогаш можете да поставите дополнителни прашања ако нешто не функционира или не е јасно.

ChatGPT за планирање на времето

Друг пристап е да замолите ChatGPT да го испланира вашето време. Ова функционира подобро кога сте поконкретни, инаку ќе добиете многу AI текстуални фрази како „дајте приоритет на задачите“ и „ограничете ги пречките“. Ако сакате chatbot да биде што е можно покорисен, кажете му за вашиот план.

Определување приоритет на задачи: Ако му дадете на ChatGPT листа на задачи, тој може да ве советува кои се најважни, па дури и кои можат да се комбинираат. Колку повеќе информации давате – тоа може да значи да наведете алати кои ви се потребни, можеби, време за кое мислите дека ќе трае секоја задача, или колку сте мотивирани да ја завршите секоја задача – толку подобри ќе бидат резултатите.

Така, на пример, можете да смислите листа на работи што треба да ги направите дома, од фарбање на ограда до менување на сијалица до чистење на дворот. Внесете информации како тежина на работата, алати што ви се потребни, па дури и временска прогноза, и ќе добиете паметен распоред од ChatGPT.

Управување со вашиот распоред: Внесете ги сите детали за вашите обврски во ChatGPT и тој може да го оптимизира вашиот распоред, барајќи начини како да ви заштеди време. И во овој случај колку подетални можете да бидете со информациите, толку подобро, советува Gizmodo.

Испробајте го ботот давајќи му мешавина на лични и деловни обврски –  состаноци, вежбање во теретана, семејни патувања, па дури и гледање филмови – функционира доста добро. Препораките за заштеда на време обично се добро образложени (можете да додадете и дополнителни детали, како што е желбата да имате повеќе време за хоби или да научите нов јазик). Можеби ChatGPT ќе забележи обрасци во вашиот распоред што инаку не би ги забележале, а ви го „крадат“ времето.

Проценка на време: ChatGPT е вешт во откривање колку долго ќе траат поединечни задачи — или поточно, текстот за кој е обучен вклучува некои разумни процени од реални луѓе. Ако не сте сигурни колку време треба да поминете во чистење на бањата или изградба на куќичка на дрво, ChatGPT може да ви помогне.

Секако, тука треба да наведете некои детали — на пример, колку е голема вашата бања — но тоа може да го намали ризикот вашиот распоред да се заплетка. Уште подобро, ВИ ботот може да ви каже кои материјали и алати се потребни за секоја работа, што би требало да значи дека нема да губите време бидејќи немате се што ви е потребно.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.