Како автоматизацијата на вештачката интелигенција влијае врз иднината на вработувањата кај жените

Сéприсутна е загриженоста дека автоматизацијата на вештачката интелигенција, особено генеративните технологии како ChatGPT, постојано расте и има потенцијал непропорционално да влијае на женската работна сила. Истражувањата покажуваат дека приближно 79% од вработените жени во САД би можеле на своите работни места да бидат подложни на прекини и автоматизација, што покренува прашања за импликациите на вештачката интелигенција врз родовите разлики во вработувањето.

ai-zheni-735-fi

Извор: Л.Т.

Вештачката интелигенција (ВИ) е едно од највпечатливите технолошки достигнувања на нашата ера, нудејќи решенија за сложени проблеми како што се предвидување суши, спречување измами, зајакнување на напорите за помош при катастрофи… Таа е инструмент за револуција во здравствената заштита, ублажувањето на климатските промени и во многу други полиња.

Жените се позиционирани во првите редови на оваа трансформативна индустрија, правејќи значителни чекори во искористувањето на вештачката интелигенција за поголемо добро. Сепак, еклатантниот јаз меѓу половите  во ВИ опстојува, што го попречува нејзиниот целосен потенцијал.

Нееднаквости во технолошкиот пејзаж

Откако се крена голема врева околу вештачката интелигенција, се чини дека медиумите најмногу беа и сé уште се загрижени за процесот на автоматизација и како ВИ ќе ги замени работниците. Сега конечно имаме докази кои сведочат дека повеќе жени во однос на мажи имаат работни места кои се повеќе изложени на автоматизација.

Овој диспаритет се јавува првенствено затоа што жените имаат тенденција да заземаат повеќе канцелариски работни позиции (во претпијатија, организации, установи) додека мажите имаат порамномерна распределба помеѓу канцелариските и теренските работни места (работници во фабрики, во градежна индустрија, земјоделскии работници итн.) Некои од професиите кои се најмногу изложени на ВИ автоматизација, а имаат претежно вработени жени вклучуваат административна поддршка, здравствени работнички и технички персонал, професии во образование и библиотеки, здравствена поддршка и услуги во заедницата и социјалните служби.

Имено, особено загрижувачко е што истражувањата покажуваат дека жените може да бидат несразмерно погодени од широкото усвојување на генеративната вештачка интелигенција. Анализата од Бизнис школата Кенан-Флаглер при Универзитетот во Северна Каролина открива дека неверојатни 79% од работните жени – скоро 59 милиони жени – се на работни места подложни на прекини и автоматизација. Спротивно на тоа, 58% од вработените мажи спаѓаат во оваа категорија.

Во 2020 година, Светскиот економски форум откри загрижувачка статистика: Жените заземаат само 26% од ВИ и дата работните позиции. Покрај тоа, жените имаат неверојатни 13 пати помали шанси да поднесат барање за технолошки патенти отколку нивните машки колеги.

Овие разлики одекнуваат низ технолошкиот пејзаж, при што OECD (Organization for Economic Co-operation and Development) проценува дека жените обезбедуваат само 7% од ICT патентите во земјите на G20 и откриле дека само 10% од технолошките стартапи бараат ризичен капитал.

image-1

За да се реши овој јаз меѓу половите, OECD препорачува да се поттикне средина во која жените не само што се дел, туку и напредуваат во вештачката интелигенција. Во свет каде СТЕМ областите традиционално привлекуваат помалку жени, од клучно значење е да се инвестира во култура на различност и вклучување на жените во технолошките компании.

Студиите, како што е онаа на Бостон консалтинг група, откриваат дека компаниите со различни тимови се поиновативни и генерираат повисоки приходи од иновациите. Исто така, според Институтот за истражување Credit Suisse, присуството на жени во корпоративните одбори позитивно корелира со повисоките приноси на инвестициите и растот.

Препораки на OECD за решавање на родовиот јаз во технологијата

Половата разлика се протега и во светот на стартапите, каде што жените основачи се соочуваат со значителни препреки.

Имено, извештајот за 2022 година на OECD, UNESCO и IADB открива дека жените имале само 18% од позициите во C-suite во водечките светски ВИ стартапи во 2019. Овозможување на овие стартапи да ги изградат своите технички вештини, да обезбедат финансирање и да ги прошират своите пазари може да го забрза напредокот кон поразновиден екосистем за вештачка интелигенција.

Влијанието на ВИ се протега многу подалеку од технолошката индустрија – таа има моќ да ги преобликува економиите и општествата. Сепак, развојот и распоредувањето на вештачката интелигенција во голема мера ги исклучи женските гласови и перспективи.

Ова исклучување резултира со производи и решенија кои можеби нема соодветно да ги задоволат потребите и грижите на жените. Илустрацијата на ова прашање е очигледна во содржината генерирана од вештачка интелигенција – и ChatGPT и Midjourney, на пример, се повеќе склони да генерираат машки претстави и ставови кога се прашуваат за технолошки основачи или извршни директори.

Затоа, јавниот дискурс и соработката меѓу индустриските лидери, креаторите на политики, истражувачката заедница за вештачка интелигенција и стартапите се клучни. OECD советува владите да го поттикнат женското претприемништво и ангажман во сите фази на развој на вештачката интелигенција. Политиките треба активно да ја промовираат родовата еднаквост во академијата, приватниот сектор и граѓанското општество.

Зошто е ова важно?

Од суштинско значење е да се препознае дека вештачката интелигенција може да биде и нарушувач и создавач. Иако може да замени одредени работни места, исто така може да создаде нови можности и да ја зголеми продуктивноста во постоечките работни места. Додека ја навигираме интеграцијата на вештачката интелигенција во работната сила, од клучно значење е да се решат грижите поврзани со пристрасноста, етиката и одговорната употреба.

Различноста и вклученоста опфаќаат повеќе од само родова еднаквост; тие ја опфаќаат возраста, националноста, сексуалната ориентација, културата, образованието, физичките и психолошките способности, невродиверзитетот, религијата и животното искуство.

Како заклучок, затворањето на родовиот јаз во вештачката интелигенција е повеќеслоен предизвик кој бара заеднички напори од сите сектори на општеството. „Со инвестирање во инклузивни култури, промовирање на STEM образование, зајакнување на стартапи предводени од жени и охрабрување на јавниот дискурс, можеме да го отвориме патот за поправеден и иновативен екосистем за вештачка интелигенција“, изјави Тануја Рандери, управен директор во AWS EMEA.

Дење новинар, навечер поткастер. Не пишува со цел да ги импресионира читателите, туку да им ја разјасни темата.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.