„Цврсто веруваме дека американското глобално водство во областа на вештачката интелигенција не смее да се остварува на штета на нашите суштински креативни индустрии,“ се наведува во писмото, кое го пренесе порталот Deadline.
Потписниците потсетуваат дека американската индустрија за забава вработува 2,3 милиони луѓе и годишно исплатува 229 милијарди долари во плати, а воедно претставува и темел на американското демократско влијание и т.н. мека моќ во светот.
„Компаниите што развиваат вештачка интелигенција се обидуваат да ја поткопаат оваа економска и културна сила, преку ослабување на авторската заштита врз филмови, серии, уметнички дела, литература, музика и позајмување глас – сè со цел да ги користат тие материјали за тренирање на ВИ модели,“ се додава во апелот.
Писмото е испратено како дел од јавен коментар на Акцискиот план за вештачка интелигенција на администрацијата на Трамп. Од другата страна, OpenAI и Google веќе ги претставија своите предлози до Канцеларијата за наука и технологија, со барање да им се дозволи да ги тренираат своите ВИ модели на содржини кои се заштитени со авторски права.
„Федералните власти можат да ја осигураат американската слобода, учејќи од вештачката интелигенција и помагајќи им на американските ВИ компании да го задржат водството, без да ѝ го предадат на Кина,“ се вели во писмото од OpenAI.
Сепак, холивудските професионалци инсистираат дека нема причина да се ослабува или укинува авторската заштита, која била клучен двигател на американскиот креативен успех.
„Компаниите што работат со ВИ треба едноставно да го направат она што законот го бара да преговараат и да платат за користење на заштитени содржини, исто како што тоа го прават сите други индустрии,“ стои во писмото на филмските работници.
Меѓу потписниците се Бен Стилер, Марк Рафало, Синтија Ериво, Кејт Бланшет, Корд Џеферсон, Пол Макартни, Рон Хауард, Таика Ваитити и многу други.
Извор – bizlife.rs