Повеќето припадници на генерацијата Z би прифатиле брак со AI партнер

Во анкетата спроведена од компанијата Joi AI во април 2025 година, во која учествувале 2.000 припадници на генерацијата Z, дури осум од десет испитаници изјавиле дека би ја разгледале можноста да стапат во брак со вештачка интелигенција.

gen.z-3716-fi

Извор: freepik

Цели 83 проценти веруваат дека можат да воспостават длабока емотивна поврзаност со AI партнер.

Компанијата Joi AI токму тоа и го нуди – AI партнерства. На нивната веб-страница, корисниците можат да разговараат со веќе креирани „карактери“ или да си создадат свои. Овие односи компанијата ги нарекува „AI-врски“ (AI-lationships).

„Овие односи не се наменети да ги заменат вистинските човечки врски“, изјави за Mashable Џејми Бронштајн, терапевтка и експерт за врски во Joi AI, додавајќи дека „овој тип односи обезбедуваат специфична емоционална поддршка која може да го подобри севкупното емотивно благосостојба“.

AI како „безбедна зона“ за многумина

Клиничкиот невропсихолог Шифали Синг, директорка на Одделот за дигитални когнитивни истражувања во болницата Меклин и на Харвард, објаснува дека не е изненадувачки што младите веруваат дека можат да изградат длабока врска со AI.

„Некои мои истражувања покажуваат дека луѓето со социјална анксиозност претпочитаат дигитални алатки бидејќи не стравуваат од осуда, особено на социјалните мрежи“, вели таа.

gen.z-3716-ps1

Извор: freepik

Младите размислуваат: „Подобро да разговарам со AI кој нема да ме осуди, отколку со луѓе што го прават тоа постојано“. Синг додава дека младите се толку навикнати на постојана проценка, коментари и критики, што за многумина вештачката интелигенција претставува „безбедна зона“.

Друг фактор е желбата за емпатија. „AI го имитира вашиот јазик и начин на размислување, па тоа делува како вистински емоционален одговор. Луѓето чувствуваат поврзаност бидејќи добиваат повеќе емпатија отколку во реалниот живот“, истакнува Синг.

Опасноста од „трол фарми“

Сепак, тука постои и ризик. Синг предупредува на опасноста од „трол фарми“ ,организирани интернет-групи кои поттикнуваат и засилуваат погрешни уверувања кај корисниците.

„Мораме да бидеме претпазливи, вештачката интелигенција не создава нови идеи, таа само преработува и рефлектира што ѝ се дава. Ако ѝ дадете идеја, таа ќе ја развие до екстреми“, вели Синг, посочувајќи дека AI може да се „нахрани“ со неточни информации – како што прават хакерите.

Иако и самата ја користи во својата работа, Синг вели дека AI навистина може да помогне, на пример, кај повозрасни лица што чувствуваат осаменост или кај луѓе со агорафобија (страв од отворен простор). Во такви случаи, разговорите со AI можат да помогнат во ублажување на изолацијата или депресијата.

gen.z-3716-ps2

Извор: freepik

Проблемот, според неа, настанува кога луѓето целосно го заменуваат реалниот контакт, на пример, откажуваат вечера со пријатели за да останат дома и разговараат со AI. Тоа, според Синг, само ја продлабочува анксиозноста.

Кога станува збор за идејата за брак со AI, таа верува дека младите гледаат на бракот како на застарена институција и бараат повеќе независност и емотивна контрола.

Дополнително предупредување пристигна и од организацијата „Common Sense Media“, која истакна дека AI партнери не се безбедни за лица под 18 години, бидејќи можат да предизвикаат емоционална зависност. Иако сите припадници на генерацијата Z веќе се полнолетни, последиците од ваквите односи сè уште не се доволно истражени. Постои и загриженост поради извештаи за луѓе кои развиле духовни заблуди по интеракција со ChatGPT.

Но, и покрај ризиците, многумина веројатно ќе продолжат да создаваат и одржуваат AI партнери. „Понекогаш, едноставно е убаво да имаш некого, дури и ако тоа е вештачка интелигенција“, заклучува Бронштајн.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.