Генерацијата Z внимателно ги избира своите дигитални простори
Најновото истражување на платформата Opeepl покажува каде најмногу се задржува вниманието на Gen Z . YouTube и понатаму е број еден, со дури 78% млади кои го користат секојдневно. Тие не го користат само за забава, туку и за учење, откривање нови брендови и формирање мислења.
Instagram и TikTok, со 76% и 69%, цврсто се позиционирани на врвот, што потврдува колку видео содржината особено во краток формат е клучна за оваа генерација. TikTok се истакнува како простор за автентична и необработена содржина, додека Instagram и понатаму е важен канал за визуелно привлечни, но и внимателно осмислени објави.
Snapchat го користат 43% од припадниците на Gen Z, додека Pinterest има помала, но стабилна публика. Она што е впечатливо е брзиот пад на интересот за Facebook и X (поранешен Twitter), кои помладата публика сè повеќе ги доживува како „мрежи за родителите“.
Интересно е да се забележи дека 81% од генерацијата Z поминува повеќе од еден час дневно на социјалните мрежи, а речиси 60% и повеќе од три часа. Но тоа време не е резервирано само за забава, оваа генерација ги користи мрежите за да се информира, да носи одлуки за купување, учествува во анкети, следи преноси во живо и, секако, да создава сопствена содржина.
За брендовите тоа значи едно – заборавете на вештачки исполирани кампањи. Ако сакате внимание од Gen Z, мора да играте според нивните правила: искрено, брзо и без претенциозност. Најдобро поминуваат кратки видеа, искрени рецензии на производи, „подготви се со мене“ видеа и содржина што им помага да донесат одлука, а не нешто да им се „продава“.
Ако вниманието е новата валута, тогаш генерација Z точно знае каде да го потроши.
Извор: web-mind.rs