Каде вложуваат 0.001% од најбогатите?

Ултрабогатите, со сите свои пари, живеат поинаку од остатокот од светот, па нивните инвестициски стратегии се значително поразлични од просечното портфолио на инвеститори.

ultrabogati-1321-fi

Извор: Freepik

„Иако не постои официјален праг за влез во клубот од 0,001 центимилионери – тоа се поединци со комбинирана нето вредност од над 100 милиони долари и се доволно богати за да бидат дел од овој клуб“, рече Кевин Тенг, извршен директор на WRISE Wealth Management Singapore – компанија за управување со богатството на ултрабогати поединци.

Според податоците на WRISE, на глобално ниво, популацијата на милионери со над 100 милиони долари е околу 28.420 лица и тие најмногу живеат во Њујорк, во регионот околу заливот, Лос Анџелес, Лондон и Пекинг, пишува CNBC.

„Овие градови имаат силна финансиска инфраструктура, живи претприемачки екосистеми и профитабилни пазари на недвижности, што ги прави привлечни дестинации за ултрабогатите“, изјави Тенг за CNBC.

„Oваа демографија, која „епитомизира екстремно богатство“ е селективна кога станува збор за инвестиции,“ рече Тенг.

„Тие денес не инвестираат во збогатување, брзи пари и неликвидни работи. Тоа значи дека тие навистина не работат со акции со кои јавно се тргува“, рече Салваторе Бушеми, извршен директор на Dandrew Partners, приватна семејна инвестициска канцеларија.

„Тие дури и не инвестираат во криптовалути, верувале или не“, изјави Бушеми за CNBC. „Она што тие го бараат е да го зачуваат своето наследство и нивното богатство.

Недвижности

Како резултат на тоа, портфолијата на овие мултимилионери често содржат „многу силен, стабилен недвижен имот“, рече Бушеми. Овие богати поединци гравитираат кон недвижен имот од А класа или имоти од инвестициска класа кои вообичаено биле изградени во последните 15 години. Основачот и претседател на Tiger 21, мрежа на претприемачи и инвеститори со ултра висока нето вредност, изјави за CNBC дека инвестициите во недвижности обично претставуваат 27 отсто од портфолијата на овие поединци.

ultrabogati-1321-ps1

Извор: Freepik

Семејни канцеларии

Поединците со такво богатство обично имаат пари управувани од семејни канцеларии, кои управуваат со сите работи, вклучувајќи го и нивното наследство, сметките за домаќинството, кредитните картички, непосредните семејни трошоци итн.

„Овие семејни канцеларии често имаат добротворни фондации и ризичен капитал што го инвестираат во старт-апи со висок раст“, ​​рече Амоилс.

Бројот на семејни канцеларии ширум светот е тројно зголемен од 2019 година, надминувајќи 4.500 минатата година со проценет вкупен имот од 6.000 милијарди долари.

Алтернативни инвестиции

Поединците со ултра висока нето вредност, исто така, размислуваат за потенцијално купување удели во професионални спортски тимови, рече Бушеми.

Тој вели дека „само многу мала група може да влезе во овие клубови и потребно е многу повеќе од пари“, рече тој.

„Ексклузивноста е главната атракција, бидејќи овие богати поединци сакаат да се дружат со луѓе со сличен статус. Поседувањето удел во спортски тим е начин тие поединци да го легитимираат својот статус,“ изјави тој. „Во САД добивате витешка титула кога ќе купите NFL тим“.

Тенг од VRISE, исто така истакна дека 0,001% од поединците посветуваат поголемо внимание на фиксниот приход, приватните заеми и алтернативните инвестиции. Тој рече дека приватното кредитирање добива на сила бидејќи инвеститорите бараат извори на принос надвор од конвенционалните пазари.

„Овој тренд го одразува растечкиот апетит за нетрадиционални средства кои нудат уникатни профили на ризик и поврат“, рече Тенг истакнувајќи дека алтернативните инвестиции вклучуваат ризичен капитал, приватен капитал и недвижен имот.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.