Изгледа дека менаџерите за продажба веќе се уверија во користењето на ChatGPT на работа. Еден од нив е и Џејк Данлап, извршен директор на Skaled Consulting, фирма за менаџмент и продажни консултации со клиенти како LinkedIn, Microsoft и Adobe.
Во своето ново видео тој открива корисни совети за користење на ChatGPT во продажбата. Тој нагласува дека иако овие совети може да се користат со било кој AI четбот, сепак го претпочита ChatGPT на OpenAI поради неговата функција за креирање на прилагодени GPTs, која овозможува изработка на персонализирани верзии за специфични барања или случаи на користење.
Еве ги омилените начини на Данлап за користење на ChatGPT за подобрување на неговите продажни вештини и зголемување на продуктивноста, кои може да им помогнат на сите, од продажните менаџери, па до извршните лица.
Забрзување на истражувањето
Кога станува збор за истражувања, Данлап вели: „Не одете прво на Google; одете на ChatGPT и кажете му точно што сакате да направите.“
Данлап ги советува продажните менаџери за развој да го забрзаат процесот на истражување за компанија или индустрија и да станат експерти. Можете дури и да ги прилагодите методите на учење на ChatGPT.
На пример:
„Се обидувам да закажам состанок; кажи ми повеќе за оваа компанија“, вели тој. „Буквално, во рок од пет минути ChatGPT може да сумира истражување кое би ми одземало два часа.“
Разбирање на трендовите
Данлап вели дека ChatGPT може да се користи за создавање на повеќе персонализирани стратегии за пристап до потенцијални клиенти.
Во стратегија која ја нарече „Методологија на тријадата“, Данлап предлага да се разгледаат трендовите во индустријата, трендовите во улогата на која се фокусирате во компанијата и како да ги поддржите овие две.
На пример, ако се обидувате да продадете продукт за човечки ресурси во издавачка компанија, Данлап предлага да го прашате ChatGPT за трендовите во издавачката индустрија и оние во рамките на човечките ресурси.
„Кои се трендовите во издаваштвото на лидерите за привлекување таленти “, вели тој. „Потоа, како да ги адресираме трендовите што се случуваат во издаваштвото и конкретно за лидерите во човечките ресурси со тоа што ние го нудиме.“
Извршниот директор на Skaled вели дека со оглед на тоа што повеќето личности на висока позиции кои донесуваат одлуки претпочитаат „директна комуникација“, персонализирање на пораките за да се специфицираат трендовите во индустријата или областа на компанијата е попривлечно за потенцијалните клиенти.
Данлап вели дека нема причина некому да пратите е-мејл без да кажете „Еве ги трите најважни трендови што ги гледаме и мислам дека можеме да помогнеме. Да закажеме време за состанок.“
Подготовка за дискусии за откривање и договори во подоцнежни фази
За контактирање на потенцијални клиенти, Данлап користи прилагоден GPT кој веќе ги има податоците и општите информации на неговата компанија. Потоа, тој му дава линк до компанијата со која сака да работи, за да се запознае со нејзиниот бизнис.
Данлап исто така го обожава користењето на гласовната алатка на мобилната апликација ChatGPT пред состанок, бидејќи може да му каже да собере сè што подготвил, поедноставувајќи го процесот со прилагоден GPT кој веќе ги знае информациите на неговата компанија.
Тој исто така препорачува користење на прилагоден GPT за подготовка на договори во подоцнежни фази. Четботот може да генерира информации како што се вредносни понуди или која е вашата конкуренција пред да разговарате со клиентот.
„Кои се двата најдобри начини според кои треба да се позиционирам против конкуренцијата“, вели Данлап. „Кои се две или три работи што треба да ги избегнам, во кои можеби тие се посилни.“
Данлап истакнува дека порано ги правел овие подготовки по цели ноќи, но сега оди директно на ChatGPT.
„Значи, тоа е мојот трик за затворање на повеќе договори“, вели тој.
Персонализирана обука
За продажни менаџери кои немаат време да изработат персонализирани планови за обука за членовите на тимот, Данлап вели дека ChatGPT може да се користи за развивање на прилагодени наставни програми.
„Секој од нив има свои области на кои работиме“, вели тој. „Ова се областите во кои се добри. Ова се областите на кои треба да се посветат.“
Тој додава: „Можам да кажам: ‘Помогни ми да изградам осумнеделен план за обука со 45-минутни состаноци. Дај ми детална агенда за секој состанок за да можам да работам со нив на A B C.’“
Заедно со обуката на вработените, Данлап сака да создава квизови и детални наставни програми за негово лично учење.
Забрзување на воведувањето на продажни претставници
„Ако не имплементирате генеративна AI, го продолжувате периодот на воведување на вашите продажни претставници веројатно двојно“, вели тој.
Данлап вели дека GPT може да помогне новите вработени да научат за кого продаваат, за нивните производи и за нивните вредносни понуди без потреба од „30 разговори“, бидејќи четботот може сам да го води воведувањето.
„Можам да ве научам на основите и потоа до десеттиот разговор веќе сте на ниво на компетентност“, вели тој.
Тој повторно препорачува да се прашуваат GPTs за „рол-плеј“, за да се научи за индустријата на компанијата и купувачките персони.
„Ќе дојдам и ќе те прашам прашање за оваа персона и сакам да ми дадеш нов квиз со 10 прашања за неа“, вели тој.