Galaxy Z Fold7 – моќта на продуктивноста во преклопна форма
Најновиот Galaxy Z Fold7 е врвот на преклопната технологија. Со дијагонала од 8 инчи, и AMOLED екран, Fold7 нуди импресивно визуелно искуство кое го прави овој уред да биде ваша мобилна канцеларија. Надворешниот 6.5-инчен, од раб до раб, екран е идеален за брз пристап. Уредот е опремен со Snapdragon 8 Elite чипсет,12 GB или од 16 GB RAM и 256 GB или 512 GB меморија, а благодарение на напредните мултитаскинг опции, прегледот на финансиски табели, читањето мејлови и работењето на презентации се едноставни, ефикасно распоредени на голем екран со само неколку гестови. Galaxy AI ви заштедува време, брзо пребарување низ документи и безбедноста обработка од највисок приоритет за вашите чувствителни информации. Дополнително, камерата од 200MP, заедно со ултра-широка и телефото леќа, овозможува исклучително професионални фотографии. Со врвни перформанси, моќен процесор, а притоа и беспрекорен изглед на модерен, иновативен уред, Galaxy Z Fold7 воедно е и најтенкиот фолд телефон на Самсунг досега.
Извор: Samsung
Galaxy Z Flip7 – стил, флексибилност и интелигенција
Galaxy Z Flip7 е дизајниран за оние што сакаат елегантен, но моќен уред. Со 6.9-инчен Dynamic AMOLED 2X дисплеј, Exynos 2500 чипсет и 12GB RAM, Flip7 е подготвен за секојдневни предизвици. Вистинската магија се крие во Galaxy AI: artificial intelligence екосистем кој паметно обработува фотографии, генерира summary-и од белешки, асистира во преводи во реално време и нуди smart search низ вашата галерија и податоци. Со FlexMode, можете hands-free да водите видео повици или да фатите совршен селфи кадар, додека AI го оптимизира изгледот. Овие AI функции може да се користат и офлајн и преку cloud, овозможувајќи максимална приватност и флексибилност според вашите потреби. Камерата снима во 4K со 60fps, а батеријата од 4300mAh обезбедува целодневна употреба. Поддршката за Wi-Fi 7, IP48 сертификат и Galaxy AI го прават Flip7 најинтелигентниот Flip досега
Совршенство во преклоп – Galaxy Z Fold7 и Z Flip7
Со Galaxy Z Fold7 и Z Flip7, Samsung уште еднаш ја потврдува својата лидерска позиција во светот на преклопната технологија. Овие уреди не се само технолошки напредни – тие се симбол на визија, иновација и елеганција. Секако, тука се и добро познатите и унапредени апликации како SmartThings со која од екранот на вашиот Galaxy телефон можете да управувате со телевизорот, да ги следите програмите за перење на вашата машина за алишта, да го подреете ручекот, и сето тоа од далечина, како и многу други активности.
Извор: Samsung
Дополнително, One UI 8, со гарантирани 7 години софтверски update-и, обезбедува безбедност и постојана оптимизација кај новите Galaxy уреди, клучно за оние што очекуваат долгорочно функционирање без грижи. А Samsung Knox гарантира апсолутна заштита, сигурност при работа со најчувствителни деловни податоци, од биометриски отпечатоци, до професионални финансиски документи.
Седмата генерација Foldables не само што ги надминува очекувањата – таа ги редефинира. Со подобрена издржливост, врвни камери, интелигентни функции и беспрекорен дизајн, овие уреди се доказ дека иднината е веќе тука. За конечно да изберете, можете да ги пробате функционалностите и да го доживеете Galaxy AI искуството благодарение на апликацијата Try Galaxy која треба само да симнете на моменталниот телефон кој го користите. Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 не се само телефони – тие се изјава на индивидуалност, моќ и технолошка зрелост.
Извор: Samsung