Овен
Овните се енергични, одлучни и секогаш спремни да ја преземат иницијативата. На работа се карактеризираат со брз ритам и склони се кон донесување одлуки без долго размислување. Иако понекогаш можат да делуваат импулсивно, нивната мотивација и желба да ги постигнат целите често ги инспирира колегите.
Бик
Биковите се темелни, трпеливи и доверливи работници. Нивниот фокус се темели на стабилност и квалитет, па никогаш не брзаат на сметка на прецизноста. На работа пристапуваат практично и често се лица на кои им се доверуваат најсложените задачи.
Близнаци
Близнаците се комуникативни, љубопитни и прилагодливи. Лесно усвојуваат нови информации и го сакаат динамичното опкружување. Во колективот внесуваат весела атмосфера, но понекогаш им недостасува концентрација за подолг временски период на една задача.
Рак
Раковите се грижливи, интуитивни и посветени. На работа често се тие кои внимаваат на атмосферата во тимот и ги поддржуваат колегите. Тие се лојални кон работата и компанијата, но им е важно да чувствуваат емотивна сигурност.
Лав
Лавовите се креативни и често ја преземаат лидерската улога. На работа сакаат да бидат во центарот на вниманието и нивните идеи да бидат слушнати и почитувани. Иако понекогаш можат да делуваат подоминантно, нивната страст може да го мотивира целиот тим.
Девица
Девиците се аналитични, прецизни и посветени на деталите. На работа не оставаат ништо на случајност и често се перфекционисти. Нивната организација и систематскиот пристап ги прави незаменливи во тимови каде што се бара висок степен на точност.
Вага
Вагите се дипломатски настроени, дружељубиви и се стремат кон хармонија. На работа се одлични посредници во конфликтите и често внесуваат баланс во тимот. Тие ценат естетика и уреден работен простор, како и убави меѓучовечки односи.
Шкорпија
Шкорпиите се страствени, фокусирани и длабоко посветени на своите цели. На работа ги карактеризира решителност и способност да функционираат под притисок. Иако делуваат затворено, кога ќе им се доверите, стануваат исклучително лојални соработници.
Стрелец
Стрелците се оптимисти, отворени и полни со идеи. Го сакаат слободниот пристап во работата и често бараат нови предизвици. Нивниот ентузијазам е заразен, но понекогаш можат да делуваат нетрпеливо кога работите одат бавно.
Јарец
Јарците се амбициозни, дисциплинирани и многу одговорни. На работа се познати по својот професионализам и спремни да ги преземат тешките задачи. Ретко се откажуваат и секогаш се стремат кон долгорочен успех.
Водолија
Водолиите се иновативни, оригинални и независни. На работа носат неконвенционални решенија и често размислуваат неколку чекори однапред. Иако сакаат работа во тим, потребна им е слобода за самостоен ангажман.
Риби
Рибите се емпатични, креативни и интуитивни. На работа често внесуваат уметнички или необичен пристап кон задачите. Тие се верни на тимот, но важна им е инспиративна и позитивна работна атмосфера.
Извор: bizlife.rs