Семејствата низ Македонија веќе одамна знаат дека учебната година не започнува на 1 септември, туку со првата листа на потребни материјали: ранец, патики, тетратки, атласи и што уште не. Но што ако оваа година пристапиме поинаку? Наместо со нервоза со план. Наместо со кратење со свесно распоредување. Наместо со притисок со партнер кој ќе ги олесни чекорите.
Еве неколку практични совети како да го направите тоа:
1. Направете список – пред да излезете од дома
Изненадувањата почнуваат кога купуваме без план. Седнете со детето и направете заеднички список на сè што му е потребно. Проверете што веќе имате дома, многу често се заборава дека стариот несесер или ранец од лани сè уште се одлични. Вистинската заштеда започнува пред првиот чекор во продавница.
2. Одделете буџет по категории
Наместо да одредите еден вкупен буџет, поделете го на категории: облека, книги, прибор, активности. Така ќе имате подобра контрола и ќе знаете каде може да се направи компромис, а каде не.
3. Купувајте паметно, не само евтино
Попусти секако се добредојдени, но многу поважно е да избирате квалитет. Особено кога станува збор за обувки, ранци или облека што се носи секојдневно. Паметното купување значи долгорочна заштеда.
4. Не плаќајте сè одеднаш – искористете ги картичките што нудат плаќање на рати
Наместо да западнете во финансиска депресија на крајот на месецот, распоредете ги трошоците. Diners Club картичките овозможуваат плаќање на рати без камата во голем број книжарници, продавници за облека, спортска опрема и технички уреди. Токму ова може да биде вашето финансиско олеснување за месец септември.
Совет плус: Проверете ја списокот на Diners партнери каде можете да купувате на 3, 6 или 12 рати – без да го оптоварите семејниот буџет.
5. Планирајте и за скриените трошоци
Не заборавајте: новата школска година не завршува со купување тетратки. Одмори, екскурзии, родендени, театарски претстави – има многу ситни, но значајни трошоци што се појавуваат во првите месеци. Доколку планирате и за нив однапред, нема да ве изненадат.
6. Вклучете ги децата во процесот
Финансиската писменост започнува од мали нозе. Објаснете им на децата зошто не се купува сè наеднаш, зошто се прави буџет и што значи одложено плаќање. Вклучувањето ги прави поискусни и посвесни за иднината.
Бонус совет: МyDiners апликацијата ви овозможува јасен преглед на вашите трансакции, потрошувачка и рати и токму затоа е одличен сојузник во периоди кога има многу мали трошоци кои лесно излегуваат од контрола.
На крајот на денот, најважно е децата да влезат во новата школска година подготвени, а вие со мирна глава. Финансиската свесност не значи откажување од сè, туку организираност, поддршка и паметни избори.
Извор: Webmind редакција