Зошто баба секогаш служеше супа за ручек?

Старите изреки, топлата трпеза и супата што ги собира сите дома

supa-4732-fi

Извор: WebMind редакција

Секој дом има свој мирис, некаде тоа е мирис на тазе печени ванилици, кај некого печени пиперки, но кај повеќето од нас, тоа е мирисот на супа што врие на шпоретот. „Нема ручек ако не заигра лажица“, велеше баба и никој не смеееше да седне на маса без топла супа, дури и во сред лето.

Во старата кујна, каде прозорците беа замаглени од пареа, а дрвената лажица постојано мешаше нешто што крчка, супата беше почеток на секој ден и секоја трпеза. Супата беше повеќе од предјадење, беше правило, традиција и знак дека во домот има ред, топлина и љубов.

Зошто баш супа? Старите верувања и бабините закони

Нашите баби немаа доктор Google, ама имаа вековна мудрост. Веруваа дека:

  • Супата лечи настинка, тага и умор: „Не може да си лут после чинија топла супа.“
  • Супата ги собира сите дома: дури и најтврдоглавото дете ќе седне на маса кога ќе замириса пилешката чорба.
  • Супата покажува грижа: ако те чека супа дома, значи некој мислел на тебе.

Од старите тенџериња до денешните брзи кујни

Некаде помеѓу тогашната супа што се крчкаше два часа и денешниот живот во трчање, мораше да се најде компромис. А традицијата не треба да исчезне, само да се прилагоди.

Денес, топлата чорба може да се подготви побрзо, но со истата нежност, со малку свеж зеленчук, вода и една кесичка MAGGI кокошкина, говедска или супа со кнедли.
Рецептот на баба, но во верзија за мајки и татковци кои се враќаат од работа во 17:00 и сепак сакаат семејството да седне на трпеза.

Супата како ритуал на заедништво

Научниците денес потврдуваат тоа што бабите одамна го знаеја, семејствата што јадат заедно барем 3 пати неделно имаат:

  • семејствата кои јадат заедно имаат поздрави деца,
  • помала склоност кон брза храна и нездрави навики,
  • повеќе разговор, блискост и сигурност.

Ако додадеме и чинија супа, добиваме момент што се памети. Без телефони, без телевизор, само лажици што ѕвецкаат, малку пареа и многу мир.

Денес: истата љубов, само со помалку време

Денес немаме време да вариме коски два часа, немаме шпорет на дрва или бакарно тенџере. Но желбата да го задржиме вкусот на детството останува. Тука се MAGGI пилешка супа, говедска супа и супа со кнедли денешни наследници на старите рецепти. И можеби денес не им велиме на децата „Не станувај од маса додека не ја изедеш супата“, но можеме да:

  • свариме брза супа со MAGGI (и да бидеме сигурни дека кнедлите ќе бидат совршено добри)
  • додадеме свеж морков, магдонос или зеленчук по извор,
  • ги повикаме сите: „Ајде, супата е готова!“

Мали радости кои никогаш не се забораваат:

  • кога баба ти ја остава најголемата кнедла „зашто ти си најмал“,
  • кога го топиш лебот во супата и правиш бранови,
  • кога дуваш во лажицата и пареата ти ги замаглува очите.

Бидејки супата не мора да биде комплицирана ,доволно е да биде топла. И да бидеме заедно. Децата нема да паметат дали супата била со тестенини или кнедлички. Но ќе паметат дека некој ги чекал со полна чинија. А супата? Таа секогаш ќе остане првиот вкус на домот.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.