Не ја сакате вашата работа? Еден од најсреќните градови на светот бара токму такви луѓе

Кога се зборува за најдобрите градови за живот, малку кој може да му парира на Копенхаген. Главниот град на Данска повеќепати бил прогласуван за најсреќен и најпријатен град за живот на светот, а сега оди и еден чекор понатаму, активно ги повикува луѓето да се уверуваат во тоа и лично.

Kopenhagen-5272-fi

Извор: Freepik

Градските власти веќе и претходно покренаа иницијатива позната како „осигурување на квалитетот на животот“, со која гарантираа дека луѓето кои ќе се преселат во поширокиот регион на Копенхаген ќе се чувствуваат попродуктивни и среќни. Оваа година е лансиран нов проект – Friend Recruiter Program.

Како функционира „Friend Recruiter Program“?

Идејата е едноставна. Потребно е да се пријавите заедно со пријател. По пријавата, и двајцата добивате емаил со понатамошни инструкции. Задачата е да го запознаете вашиот пријател со можностите за вработување преку официјалниот Career Portal, на тој начин станувате „регрутер на пријатели“.

Целта на програмата не е моменталната преселба, туку да се добие реална слика за професионалните и животните можности кои Копенхаген ги нуди на луѓето кои размислуваат за промена на животната и кариерната рутина.

Патување како награда

Дури и ако вие или вашиот пријател не се пријавите за работа, самото учество и пријавата ве вклучуваат во наградната игра. На крајот на кампањата ќе бидат избрани пет парови кои ќе освојат патување во Копенхаген.

Програмата е специјално наменета за луѓе кои се исцрпени, професионално изгорени и незадоволни од секојдневната рутина. Организаторите дури подготвиле и предлози како да „убедите пријател“ да размисли за промена, вклучувајќи и музичка плејлиста наречена „From Burnout to Balance“.

Градот кој лесно се „продава“

Ако тоа не биде доволно, Копенхаген сам по себе се наметнува како атрактивна дестинација. Градот е познат по врвната гастрономија, богат ноќен живот, модерни музеи, имаа дури и музеј посветен на среќата.

За сите кои имаат уморен, преоптоварен или незадоволен пријател, пријавата на програмата претставува едноставен прв чекор кон можната промена.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.