„Тоа беше чуден период,“ изјави таа во интервју за Business Insider. „Изградив цел живот и идентитет околу тој бренд, а потоа едноставно морав да го пуштам.“
Во 2019 година, Браун основа нова компанија, Jones Road Beauty, базирана на слични принципи: едноставност, природност и квалитет.
„Сакав да се вратам на корените, на шминка која не криe, туку истакнува,“ објаснува таа.
Како започна Боби Браун
Кога почнала, Боби Браун немала бизнис план, инвеститори ниту маркетинг стратегија. „Само работев она што имаше смисла за мене. Сакав да создадам производи кои би ги користела сама.“ Во тоа време, во деведесеттите, пазарот го доминираа силни, вештачки тонови и тешка шминка. Браун понуди спротивно: кармини во нијанси на природни усни и пудери кои не ја маскираат кожата. Нејзините производи веднаш станаа хит, прво во бутикот Bergdorf Goodman во Њујорк, а потоа низ целите САД. „Не знаев ништо за бизнис, но знаев што сакаат жените,“ вели таа.
Продажба на брендот и губење на контрола
Кога Estée Lauder го презеде брендот, Браун мислеше дека ќе добие партнер кој ќе ѝ помогне да го прошири бизнисот, а не дека постепено ќе ја изгуби контролата. „Бев среќна што можев да се фокусирам на креативниот дел, но не разбрав колку навистина предавам моќ.“Во договорот за продажба беше јасно наведено дека Estée Lauder Companies го задржува целосното право на користење на името „Bobbi Brown“, дури и ако основачката повеќе не е дел од брендот. „Тоа не го разбрав додека не беше предоцна,“ признава таа.
Период на пауза и нови проекти
По 2016 година, Боби зема одредена пауза, пишува книги за убавина и здравје, отвори хотел The George Inn во Montclair, New Jersey, каде и денес живее, и експериментира со идеи за wellness и lifestyle брендови. Но, идејата за враќање во светот на шминката не ја напушташе. За време на пандемијата во 2020 година, основа Jones Road Beauty, бренд кој промовира минимализам и производи со „чисти“ состојки, прилагодени за секојдневна употреба.
„Сакав да направам шминка за жени кои не сакаат да носат многу шминка,“ вели таа. Производите на Jones Road Beauty брзо станаа вирусни на TikTok, иако Боби првично беше скептична кон социјалните мрежи. „Не знаев дека еден ден ќе снимам видеа во бањата,“ се смее таа.
Популарни производи и вирусни реакции
Еден од нејзините најпознати производи, What The Foundation, лесен тониран балсам, предизвика и контроверзии кога еден beauty influencer ја критикуваше неговата текстура. Боби одговори со видео каде духовито објаснува дека производот е „намерно таков“ и дека не е наменет за оние кои преферираат full glam изглед. Тој одговор стана вирусен, привлече милиони прегледи и ја насочи вниманието на помладата публика кон брендот.
Нова независна империја
Денес, Jones Road Beauty е успешен независен бизнис кој, според проценки на аналитичари, вреди повеќе десетици милиони долари. Боби Браун успеа повторно да изгради препознатлив бренд — овој пат без корпоративни окови. „Кога го изгубив правото на своето име, мислев дека губам дел од себе,“ вели таа. „Но, сега гледам дека името не е тоа што те дефинира, туку тоа што создаваш од нула.“