AI веќе одлучува кои брендови ќе ги видиме први

Додека компаниите со години се натпреваруваа за подобра позиција на Google, правилата на играта повторно се менуваат. Со сè поголемата употреба на алатки како ChatGPT, Gemini и Google AI Overviews, корисниците сè почесто не пребаруваат линкови, туку директно бараат одговори.

nastan-5856-fi

Извор: Represent Communications

Наместо сами да отвораат десетици веб-страници и да споредуваат информации, денешните корисници бараат препорака, споредба или решение, а вештачката интелигенција ги сумира достапните информации и предлага конкретни брендови, производи или услуги.

Токму затоа компаниите денес треба да размислуваат не само како изгледаат на пребарувачите, туку и како се појавуваат во AI summaries и разговорите што корисниците ги водат со големите јазични модели.

Клучното прашање повеќе не е дали вашиот бренд има веб-страница или профили на социјалните мрежи. Прашањето е дали вештачката интелигенција располага со доволно јасни, релевантни и доверливи информации за да ве препорача кога корисникот бара решение.

Ова се темите што можеби за првпат во македонскиот бизнис форум ги отворија АХК Северна Македонија и Represent Communications Македонија и предизвикаа голем интерес кај членките на македонско-германското стопанско здружение што присуствуваа на настанот. 

Во продолжение погледнете дел од атмосферата од настанот.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.