Отстранете ја надуеноста за 3 минути: Масажа на лице што дава резултати

Дали ви се случува утринскиот поглед во огледало, веднаш штом ќе станете, буквално да ве запрепасти? Отечени капаци, подуено лице и брчки што уште повеќе се истакнуваат на отечената кожа – едноставно не можете да се препознаете. Кога миењето на лицето, дури и со ладна вода, не е доволно, масажата на лице може да биде брзо и ефикасно решение.

masaza-na-lice-5131-fi

Извор: easylife.rs

Не мора да излегувате од дома несигурни и незадоволни, надевајќи се дека лицето ќе „спадне“ по пат. Доволни се само неколку минути масажа за да ја намалите надуеноста, да ја подобрите циркулацијата, да овозможите производите за нега подобро да продрат во кожата, и да се појавите свежи и полни со самодоверба.

Причини за отеченост на лицето

Од здравствен аспект, лошото здравје на цревата или хипертиреозата можат да доведат до надуеност на лицето, како и инфекции на синусите или други проблеми во горниот респираторен систем. Доколку забележите постојана отеченост што не се менува, обратете се кај лекар за да се утврди основната причина.

Но, ако утринската надуеност на лицето се појавува повремено, таа може да има повеќе причини. Можеби сте спиеле лошо или организмот задржал вишок вода. И дехидратацијата може да биде причина за отечено лице, особено ако претходниот ден сте внеле многу сол. Последиците од претходната вечер може да се покажат во отечената слика во огледалото и ако сте испиле малку повеќе.

Тоа се токму ситуациите кога масажата на лице покажува ефект што носи олеснување.

Масажа на лице – чекор по чекор

Техника на масирање на лицето

Масажата на лице ја стимулира циркулацијата на крвта и лимфната дренажа, ги освежува контурите на лицето и дава моментален природен сјај. Најдобро е масажата да ја правите наутро, користејќи серум што овозможува лизгање, и да целите на цели три минути иако и само една минута ќе помогне да го освежите лицето. Фокусирајте се да започнете од средината на лицето и нежно да туркате и масирате кон надвор или нагоре околу средината на лицето и челото.

Еве како да го изведете тоа, чекор по чекор:

Нанесете производ и масирајте:

  • Нанесете количина производ со големина на паричка на врвовите од прстите.
  • Со кружни движења втријте го производот преку надворешните контури на лицето, движeјќи се кон внатре.
  • Продолжете да го повторувате овој движење околу една минута.

Фокусирајте се на вдлабнатините:

  • Лесно отворете ја устата за да ги пронајдете вдлабнатините на јагодиците.
  • Ставете ги показалецот и средниот прст во вдлабнатините.
  • Со движења нагоре, нежно притискајте додека ги масирате образите.
  • Внимавајте да не ја влечете кожата надолу, целта е лицето да се затегне и подигне.

Штипкајте ја брадата и вилицата:

  • Со прстите и палците цврсто стиснете ја целата вилица.
  • Олабавете и повторно стиснете, како да го штипкате долниот дел од лицето, со двете раце.
  • Продолжете да стегате и опуштате една до две минути.

Движењето на штипкање ја поттикнува лимфната дренажа на ткивото во долниот дел од лицето, каде што обично се насобираат токсини. Оваа техника овозможува внатрешно „испирање“ на токсините и намалување на надуеноста.

Завршете ја масажата со лесно тапкање по целото лице, за да ја изедначите стимулацијата и циркулацијата.

Алатки за масажа на лице

Gua sha масажа на лице

Gua sha е популарна алатка за подигнување и отстранување на отокот што го подобрува лимфниот проток и циркулацијата. Можете веднаш да го намалите отокот и да ѝ дадете на кожата поцврст изглед, а истовремено ќе забележите и долгорочно подобрување на затегнатоста на кожата и свежината на лицето.

Нежниот, но постојан притисок долж лимфните циркулациски патишта може да ја засили дренажата на лимфната течност во ткивото кон надворешните рабови на лицето, да ја намали надуеноста и да ја подобри циркулацијата на крвта.

Масажа на лице со ролер

Ролерите за лице нудат слични придобивки во поглед на подобрување на лимфниот проток и циркулацијата. Дополнително ќе ви годи ако ролерот го изладите пред употреба, едноставно ставете го во фрижидер преку ноќ. Ладното дополнително го поддржува намалувањето на отокот преку вазоконстрикција или стегање на крвните садови, што веднаш ѝ дава на кожата освежен изглед.

Производи за нега

Иако масажата на лице може да се прави и без никаков производ, најдобро е да користите крема, серум или масло што овозможува лизгање. На тој начин се намалува површинскиот притисок врз кожата, кој може да предизвика иритација.

Многу стручњаци препорачуваат за утринска масажа да користите серуми со хијалуронска киселина, ниацинамид и витамин Ц. Освен што овозможуваат лизгачки движења без триење, овие производи за време на масажата подобро ќе се впијат и побрзо ќе го покажат своето негувачко дејство.

На тој начин имате двојна придобивка од масажата ефикасно ја намалувате надуеноста и потемелно ја негувате кожата, за блескав и свеж изглед, секое утро.

Извор: easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.