Градските власти веќе и претходно покренаа иницијатива позната како „осигурување на квалитетот на животот“, со која гарантираа дека луѓето кои ќе се преселат во поширокиот регион на Копенхаген ќе се чувствуваат попродуктивни и среќни. Оваа година е лансиран нов проект – Friend Recruiter Program.
Како функционира „Friend Recruiter Program“?
Идејата е едноставна. Потребно е да се пријавите заедно со пријател. По пријавата, и двајцата добивате емаил со понатамошни инструкции. Задачата е да го запознаете вашиот пријател со можностите за вработување преку официјалниот Career Portal, на тој начин станувате „регрутер на пријатели“.
Целта на програмата не е моменталната преселба, туку да се добие реална слика за професионалните и животните можности кои Копенхаген ги нуди на луѓето кои размислуваат за промена на животната и кариерната рутина.
Патување како награда
Дури и ако вие или вашиот пријател не се пријавите за работа, самото учество и пријавата ве вклучуваат во наградната игра. На крајот на кампањата ќе бидат избрани пет парови кои ќе освојат патување во Копенхаген.
Програмата е специјално наменета за луѓе кои се исцрпени, професионално изгорени и незадоволни од секојдневната рутина. Организаторите дури подготвиле и предлози како да „убедите пријател“ да размисли за промена, вклучувајќи и музичка плејлиста наречена „From Burnout to Balance“.
Градот кој лесно се „продава“
Ако тоа не биде доволно, Копенхаген сам по себе се наметнува како атрактивна дестинација. Градот е познат по врвната гастрономија, богат ноќен живот, модерни музеи, имаа дури и музеј посветен на среќата.
За сите кои имаат уморен, преоптоварен или незадоволен пријател, пријавата на програмата претставува едноставен прв чекор кон можната промена.
Извор: bizlife.rs