Оваа есен, Apple ќе ги претстави новите iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, а според досегашните информации, фокусот нема да биде само на перформансите. Наместо тоа, компанијата подготвува три видливи дизајнерски промени што ќе бидат веднаш забележливи – и од напред и одзади.
Почист и поелегантен заден дел
По поделени реакции за двобојниот изглед кај претходната генерација, Apple се враќа кон поуедначена естетика.
Според информации од кинеската мрежа Weibo, стаклото и алуминиумот на задната страна ќе имаат речиси идентична нијанса. Со тоа се елиминира контрастот меѓу материјалите и се добива „почист“, пософистициран изглед – токму она што го очекуваат љубителите на минимализмот на Apple.
Ова можеби не е радикален редизајн, но е суптилна промена што прави голема разлика во рака.
Помал Dynamic Island – повеќе екран, помал прекин
Dynamic Island ќе биде значително намален, според гласините, дури за околу 35%.
Иако големината на екранот ќе остане иста, изрезот ќе биде покомпактен благодарение на преместување на дел од Face ID сензорите под екранот. Сепак, Apple сè уште нема целосно да премине на „hole-punch“ решение.
За корисниците тоа значи: повеќе визуелна чистота, поимпресивно искуство при гледање видео и уште поелегантен преден панел.
Нови бои што можат да станат хит
По успехот на похрабрите нијанси кај iPhone 17 Pro серијата, Apple повторно експериментира со карактер.
Интерно се тестираат три нови бои: кафена, виолетова, темно црвена или ткн. Burgundy
Не е сигурно дека сите три ќе стигнат до финалната верзија, но јасно е дека Apple сака да продолжи со похрабар визуелен идентитет.
Постојат и индикации дека класичната црна боја можеби ќе биде изоставена, а досегашната портокалова нијанса би можела да добие замена со нов, порафиниран тон.
Доволно нов за да се разликува
iPhone 18 Pro нема целосно да го смени ДНК-то на уредот, но комбинацијата од: уедначен заден панел, помал Dynamic Island и нови впечатливи бои ќе биде повеќе од доволна за да се издвојува од својот претходник.
За вистинските Apple фанови, ова не се само детали, туку причини повторно да се почувствува онаа возбуда пред есенската презентација.