Spotlight by Semrush: Место каде што 1200 амбициозни маркетери ќе се соберат за победа

Еден ден за да се подобрат наредните 365.

semrush-4127-fi

Извор: semrush

Semrush водечката SaaS платформа за управување со онлајн видливост, денес го најави враќањето на својата главна корисничка конференција Spotlight  која ќе се одржи на 29 октомври 2025 година во Passenger Terminal Amsterdam.

Наменета за маркетери фокусирани на резултати, Spotlight нуди еднодневно искуство со цел да создаде влијание што трае цела година. Изданието за 2025 година донесува динамична комбинација од предавања водени од експерти, специјализирани образовни модули, вмрежување на највисоко ниво и уникатен формат на mastermind сесии 1:8,  каде што еден експерт седи со осум маркетери за фокусирана дискусија ориентирана кон решенија.

Оваа година на настанот ќе се соберат повеќе од 1.200 маркетери и 85 говорници од најголемите светски брендови меѓу кои Google, OpenAI, LinkedIn, Reddit, Danone, ASICS, DHL, Booking.com, Financial Times, ElevenLabs, Lovable и многу други, како и луѓето кои стојат зад успехот, оние кои прават вистинска разлика таму каде што е најважно.

Ново за 2025 година: Spotlight воведува две посебни содржински насоки:

  • Едед модул наменет за ентерпрајз тимови, кој обработува комплексни работни процеси, функционална усогласеност, донесување одлуки засновани на вештачка интелигенција и стратегии за перформанси во големи размери. Секоја сесија е дизајнирана за тимови што управуваат со раст на високо ниво и нуди решенија кои може веднаш да се применат.
  • Вториот модул е фокусиран на интерни маркетинг тимови, агенции и претприемачи, со динамични, практични сесии наменети за амбициозни професионалци кои сакаат резултати сега, а не некогаш во иднина.

Присутните ќе имаат можност да искусат:

  • Над 150 внимателно подготвени mastermind сесии во 1:8 формат, единствен за Spotlight
  • Споделување знаење меѓу врсници со водечки луѓе од индустријата
  • Храбри и инспиративни говори од врвни маркетинг имиња
  • Вредни моменти за вмрежување, од тркалезни маси до внимателно осмислени социјални настаниartc

„Spotlight е уникатна конференција и вистинска платформа за амбициозни маркетери кои сакаат да се надградат,“ рече Ендру Ворден, главен маркетинг директор на Semrush. „Без разлика дали го водите растот во компанијата Fortune 2000 или градите свој прв маркетинг тим, Spotlight ве поврзува со колеги, експерти и вистински стратегии што прават разлика. Нашата цел е да им помогнеме на маркетерите да го отклучат следниот чекор  за нивните бизниси, тимови и кариери.“

Акцијата започнува порано, со Semrush Bootcamp на 28 октомври. Оваа целодневна, практична работилница нуди напредни SEO тактики, стратегии засновани на вештачка интелигенција и решенија на „ентерпрајз“ ниво. Предводена од Semrush експерти, Bootcamp-от им помага на маркетерите да се справат со реални предизвици, да ја совладаат платформата и да заминат со вештини што веднаш можат да ги применат.

Подготвени сте да се надградите? Обезбедете си место на https://www.spotlightconf.com/

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.