Компаниите ги менуваат правилата: Вработените стануваат шефови – но на AI агенти

Извештајот на Microsoft „Work Trend Index 2025“ ја најавува појавата на компании лидери и означува нова ера на динамика во работната сила. Извештајот нагласува дека интелигенцијата „на побарување“, хибридните тимови составени од луѓе и AI агенти, како и променливите структури на работните места, радикално ги менуваат деловните операции и стратегиите за управување со таленти.

ai-3432-fi

Извор: Freepik

Додека организациите ширум светот минуваат низ нов бран трансформации на работното место, петтиот годишен извештај на Microsoft – Work Trend Index (WTI) открива појава на нов тип компании: компании – лидери (frontier firms). Овие компании работат со интелигенција на побарување, користејќи хибридни тимови од луѓе и AI агенти за максимална ефикасност и иновација.

Извештајот, спроведен во партнерство со LinkedIn, под наслов „2025: Годината кога се родија компаниите – лидери“, ги анализира увидите на 31.000 професионалци од 31 земја, заедно со податоци од LinkedIn Economic Graph и милијарди собрани сигнали од е-пошта, состаноци и разговори во рамки на Microsoft 365.

Интелигенцијата е достапна со еден допир

Извештајот покажува дека вештачката интелигенција темелно го промени начинот на кој размислуваме за капацитетите на работната сила. Интелигенцијата повеќе не е ограничена со бројот на вработени или со нивната експертиза, таа сега е во изобилство и достапназа секого. Како што економските притисоци растат, организациите мора да го искористат потенцијалот на вештачката интелигенција за да го премостат сè поголемиот јаз меѓу деловните потреби и човечките ограничувања.

Деловните лидери сè повеќе се насочуваат кон дигитална работна сила за зголемување на способностите на своите тимови. Дури 82% од лидерите очекуваат дека во следните 12 до 18 месеци ќе користат решенија засновани на вештачка интелигенција. Дополнително, 53% од нив сметаат дека продуктивноста мора да се подобри, додека 80% од вработените и менаџерите изјавија дека немаат доволно време и енергија за да ги исполнат растечките очекувања. Динамиката на работното место и понатаму е клучен проблем, бидејќи вработените се соочуваат со пречки како постојани мејлови и состаноци, што го отежнува нивниот фокус и продуктивност.

Тимовите составени од луѓе и AI агенти ја менуваат организациската структура

Во извештајот се нагласува дека компаниите се оддалечуваат од традиционалните хиерархиски структури, преминувајќи кон подинамични и ориентирани модели во кои тимови од луѓе и AI агенти соработуваат заедно за да достигнат повисоки цели. Овој тренд станува сè поочигледен. Дури 46% од лидерите наведуваат дека нивните компании целосно автоматизираат деловни процеси со помош на AI агенти, особено во службите за корисничка поддршка, маркетинг и развој на производи.

Овие тимови стануваат новата норма, па организациите мора да ја пронајдат оптималната рамнотежа меѓу автоматизацијата и човечкиот надзор. Лидерите почнуваат да го преиспитуваат односот меѓу луѓето и AI агентите, поставувајќи клучни прашања: кога AI ги надминува традиционалните методи, кога корисниците претпочитаат интеракција со човек, и кога одлуките мора да останат во рацете на луѓето поради одговорноста што ја носат.

Секој вработен станува шеф на AI агент

Ова издание на извештајот го нагласува преминот кон модел во кој вработените стануваат „шефови“ на AI агенти – поединци кои создаваат и управуваат со алатки базирани на вештачка интелигенција за да ја зголемат продуктивноста. Лидерите предвидуваат дека во рок од пет години, редовната обука и управување со AI агенти ќе стане дел од секојдневните обврски во рамки на тимовите.

Сепак, и понатаму постои јаз во прифаќањето на вештачката интелигенција. 67% од лидерите тврдат дека се запознаени со AI агенти, наспроти само 40% од вработените. Дополнително, 79% од лидерите веруваат дека AI ќе им помогне побрзо да напредуваат во кариерата, додека само 67% од вработените го делат истиот оптимизам што ја потенцира итната потреба за едукација и надградба на вештини поврзани со вештачка интелигенција.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.