Едно од најгорливите еколошки прашања во денешниот свет кое подолго време бара итност во решавањето е проблемот на загадувањето со пластиката.
ESG
Повеќе
Австрискиот институт за технологија (AIT) во Виена доби голем истражувачки проект од Европската унија за производство на батерии од рециклирани материјали. Околу 35 експерти работат во лабораторија за да развијат батерии за кои не се потребни суровини како литиум, никел и кобалт.
Во рамки на Конференцијата за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија, на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) на 23-ти април се одржа Хакатон во чиј фокус годинава се зеленото инженерство и циркуларната економија.
Apple постигна значителен напредок кон целта за декарбонизација на својот синџир на вредности. Повеќе од 320 добавувачи – што претставува 95% од директните трошоци за производство на компанијата – се обврзаа да користат 100% обновлива енергија за производство на производи на Apple до 2030 година, пишува ESG Today.
Иако секторот за ESG инвестиции се шири, а жените го потврдиле своето значење во него, сè уште е претежно доминиран од мажи. Според податоците од 2023 година, само 20% од менаџерите на инвестициско портфолио во Шпанија и Италија се жени, а само 5% жени имаат повисоки менаџерски позиции. Статистиките во Велика Британија и САД сè уште полоши.
Mondelēz International го објави петтиот годишен извештај „State of Snacking“ – глобална студија за потрошувачките трендови, која на годишно ниво дава увид во тоа како потрошувачите донесуваат одлуки при изборот на ужинки. Повеќе од две третини од потрошувачите на глобално ниво често избираат брендови кои се усогласени со нивните вредности, со зголемен акцент на одржливо произведените ужинки.
All articles loaded
No more articles to load