Одржлив избор на ужинки: локални, рециклирани и еко-френдли

Mondelēz International го објави петтиот годишен извештај „State of Snacking“ – глобална студија за потрошувачките трендови, која на годишно ниво дава увид во тоа како потрошувачите донесуваат одлуки при изборот на ужинки. Повеќе од две третини од потрошувачите на глобално ниво често избираат брендови кои се усогласени со нивните вредности, со зголемен акцент на одржливо произведените ужинки.

odrzhlivi-uzhinki-1217-fi

Извор: Freepik

Развиен во партнерство со The Harris Poll, првиот извештај првично беше објавен пред пет години, со намера да придонесе во мисијата на Mondelēz International да ја води иднината на ужинките. Следењето на ставовите и однесувањето на илјадници потрошувачи во 12 земји во изминатата половина деценија покажува постојан тренд на фаворизирање на ужинка пред традиционалниот оброк.

Според извештајот „ State of Snaking“:

  • 63% од потрошувачите кои учествувале во истражувањето купуваат ужинки кои придонесуваат за заштита на животната средина, вклучително и ставање приоритет на локалните состојки во производството и оптимизирање на синџирот на снабдување за да се подобри одржливоста.
  • 74% од нив велат дека често рециклираат амбалажа – три проценти повеќе од минатата година, што е статистички значаен пораст.
  • Дури 71% од милениумците тврдат дека приоритет им даваат на ужинките кои имаат помалку пластична амбалажа.
  • Доследно: Купувањето ужинки останува непроменето – две третини (66%) од потрошувачите не направиле значителни промени во трошењето пари за ужинки, и покрај тоа што станале посвесни за цените.
  • Со свесно внимание: 85% од потрошувачите изјавиле дека свесно уживаат во вкусот и составот на ужинките за време на консумирањето; 78% рекле дека повеќе уживаат во ужинките кога ги консумираат со свесно внимание.
image-1

Трендовите претставени во нашиот извештај, во последната половина деценија потврдуваат дека и покрај континуираното динамично опкружување и променливите навики, ужинките остануваат составен дел од исхраната на потрошувачите на глобално ниво.

Рече Дирк Ван де Пут, претседател на Одборот на директори и извршен директор на Mondelēz International.

Истражувањето покажува зголемување на побарувачката за оние ужинки кои се во согласност со личните, но и со вредностите за заштита на животната средина, а кои пружаат задоволство при консумирање. Повеќе од половина од испитаниците (63%) велат дека консумираат ужинки кои придонесуваат за намалување на влијанието врз животната средина.

„Ние во Mondelēz International, од една страна, сме посветени на задоволување на зголемената побарувачка за одржливи ужинки и за производи кои се консумираат свесно, но од друга страна, ние се стремиме да ги одржуваме категориите на производи што ги нудиме во согласност со секојдневниот ритуал“, рече Мартин Рено, директор за маркетинг и продажба.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.