Amazon

Повеќе

Кога Amazon го лансираше својот прв Kindle уред во 2007 година, светот на книгите засекогаш се промени. Овој едноставен, но револуционерен уред го редефинира начинот на кој читаме, купуваме и пристапуваме до книги, внесувајќи дигитална револуција во индустријата која дотогаш работеше на принципи кои датираат од пред повеќе од пет века, уште од печатарската машина на Гутенберг.
Amazon бара од своите вработени да се вратат во канцеларија каде што ќе работат пет дена во неделата, што претставува значителна промена во однос на сегашната хибридна политика од времето на пандемијата, која бара од нив да бидат во канцеларија само три дена во неделата.
Речиси сите испораки на Amazon во Северна Америка веќе не вклучуваат пластични воздушни перничиња, соопшти е-трговскиот гигант минатиот четврток.
Отпуштањата во технолошкиот сектор не стивнуваат во 2024 година. По значителното намалување на работната сила во 2022 и 2023, оваа година веќе се забележани 60.000 откази во 254 компании, информира независната платформа Layoffs.fyi. Компаниите како Tesla, Amazon, Google, TikTok, Snap и Microsoft, поделија значителен број на откази во првите месеци од 2024 година.
Амазон најави дека ќе инвестира речиси девет милијарди долари во развојот на својата клауд (облак) инфраструктура во азиско-пацифичкиот регион во следните пет години. Одделот за cloud computing (AWS) на Amazon објави дека ќе развива и генеративна вештачка интелигенција во соработка со Сингапур.
Во развојот на регулативите за рекламирање, влијанието на ограничувањата на рекламите за женските производи се појави како спорно прашање. Овие ограничувања покренуваат прашања за нивните несакани последици, особено за здравјето на жените.
All articles loaded
No more articles to load