Кои технолошки компании отпуштија најмногу работници во 2024 година?

Отпуштањата во технолошкиот сектор не стивнуваат во 2024 година. По значителното намалување на работната сила во 2022 и 2023, оваа година веќе се забележани 60.000 откази во 254 компании, информира независната платформа Layoffs.fyi. Компаниите како Tesla, Amazon, Google, TikTok, Snap и Microsoft, поделија значителен број на откази во првите месеци од 2024 година.

koi tehnoloshki kompanii otpushtija najmnogu rabotnici

Извор: Freepik

Земајќи ги предвид овие отпуштања, можеме да го разбереме влијанието на иновациите во големите и малите компании, како и потенцијалното влијание врз бизнисите кои ја прифаќаат вештачката интелигенција и автоматизацијата за работни места кои претходно се сметаа за сигурни. Исто така, ова е и потсетник за човечкото влијание врз отпуштањата, како и за што сé може да биде ставено на коцка поради зголемување на иновациите, пишува TechCrunch.

Ова е листата на порталот TechCrunch за 2024 година: јануари 19.350, февруари 15.589, март 7.403, април 22.153, додека во мај отпуштени биле 9.882 вработени.

  • Microsoft – Наводно стотици вработени кои работат на Azure cloud се отпуштени, иако точниот број на афектирани вработени засега не е познат.
  • OrCam – Отпуштија 100 вработени, неколку месеци откако го намалија бројот на вработени за 50.
  • Google – Наводно, се случуваат бројни отпуштања ширум светот во неколку негови Cloud тимови, вклучително и тимови фокусирани на одржливост, советување и инженеринг партнери.
  • Tropic – Отпуштени се 40 вработени, како дел од напорите за преструктуирање, напиша извршниот директор Дејвид Кембел во објава на LinkedIn.
  • Gro Intelligence – Прекинува со своето работење, откако во март  отпушти 60% од работниците во обид компанијата да остане во живот.
  • Jasper Health – Отпушти голем дел од својата работна сила, дознава TechCrunch. Одделите за инженерство и дизајн на производи се најпогодени од отпуштањата во овој старт-ап за грижа на заболени од канцер.
  • Circium – 37 технолошки работници се отпуштени од FlightStats, стартап-от за следење на летови што Circum го аквизираа во 2016 година, при што планираат да ги консолидираат нивните операции во Индија и Велика Британија.
  • Walnut – Доделија откази на 15 вработени со што беа погодени 20% од вкупната работна сила на овој израелски старт-ап.
  • Fisker – Отпуштија стотици вработени во обид да се спаси стартап-от за електрични возила. Еден сегашен и еден поранешен вработен ексклузивно за TechCrunch изјавија дека во компанијата останале околу 150 луѓе.
  • Cue Health – Го суспендира работењето и го отпушта остатокот од својот персонал. Компанијата за COVID-19 тестови претходно месецов отпушти половина од својата работна сила за да ги намали трошоците.
  • Foursquare – Отпуштија 105 вработени додека компанијата бара начини да ги „стримлајнува“ своите операции, се вели во е-пошта до вработените од сегашниот извршен директор Гери Литл.
  • Lucid Motors – Отпуштија околу 400 вработени, што е приближно 6% од работната сила на компанијата, како дел од преструктуирањето пред да го лансираат својот прв електричен SUV подоцна годинава.
  • TikTok – Наводно, се случуваат големи отпуштања во нивните тимови за глобални операции и маркетинг. Засега не е познат бројот на погодените вработени.
  • Pixar – Се очекува да отпуштат 14% од својот персонал, што ќе погоди 175 вработени, додека компанијата го пренасочува својот фокус од оригиналните Дизни+ програми, назад кон филмовите.
  • Replit – Отпуштија 20% од својот персонал, додека стартап-от за кодирање се фокусира на продажба на претпријатија.
  • SeekOut – Отпуштија околу 30% од вкупната работна сила. Стартап-от за регрутирање, кој користи вештачка интелигенција за пронаоѓање на кандидати, последен пат беше проценет на повеќе од 1,2 милијарди долари во јануари 2022 година.
  • Gopuff – Го намалија бројот на својот персонал за 6% во новата рунда на отпуштања, бидејќи овој старт-ап за брза испорака се обидува да стане профитабилен до крајот на 2024 година.
  • Atmosphere – Планираат да отпуштат 106 вработени, според известувањето WARN поднесено во Тексас.
  • Mainvest – Го прекинаа работењето. Засега не е познат бројот на погодените вработени.
  • Indeed – Отпуштија приближно 1000 работници, што претставува 8% од работната сила на компанијата, напиша извршниот директор Крис Хајмс во писмо до вработените.
  • Motional – Отпуштија околу 40% од својата работна сила, со што беа погодени околу 550 вработени, изјавија извори за TechCrunch. Компанијата ја напушти и главниот извршен директор Абе Габра.
  • Google – Отпуштија 57 позиции во Сан Франциско, според известувањето WARN поднесено во Калифорнија.
  • Vacasa – 800 доделени откази што претставува 13% од работната сила, како дел од напорите за преструктуирање.
  • Brilliant – За The Verge, од компанијата изјавија дека го отпуштија поголемиот дел од својот персонал и повеќе не продаваат контролори за паметни домови.
  • Enovix – Отпуштија приближно 170 работници, што сочинува една третина од вкупната работна сила, во обид да се намалат годишните оперативни трошоци.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.