Амазон инвестира девет милијарди долари во клауд инфраструктурата во Азија

Амазон најави дека ќе инвестира речиси девет милијарди долари во развојот на својата клауд (облак) инфраструктура во азиско-пацифичкиот регион во следните пет години. Одделот за cloud computing (AWS) на Amazon објави дека ќе развива и генеративна вештачка интелигенција во соработка со Сингапур.

amazon-cloud-1345-fi

Извор: DALL-E3

Компанијата планира да потроши 12 милијарди сингапурски долари (8,88 милијарди американски долари) во следните четири години за да ја прошири својата инфраструктура за cloud computing во Сингапур, соопшти Amazon Web Services (AWS), објави Reuters.

Оваа инвестиција е дополнување на 11,5 милијарди сингаурски долари што компанијата веќе ги има инвестирано во овој регион до 2023 година, со што вкупната планирана инвестиција ќе достигне повеќе од 23 милијарди сингапурски долари до 2028 година, се вели во соопштението на AWS-a.

Лидерите од Југоисточна Азија брзаат да заземат поголем дел од глобалниот технолошки пазар, при што Малезија, Виетнам и Сингапур беа домаќини на извршниот директор на Nvidia (NVDA.O), Џенсен Хуанг во декември, а извршниот директор на Apple, Тим Кук, ги посети Сингапур, Виетнам и Индонезија минатата година.

AWS најави соработка со владата на Сингапур, јавниот сектор и бизнисите за да помогне да се забрза усвојувањето на вештачката интелигенција (ВИ) и генеративната вештачка интелигенција во Сингапур, се вели во соопштението.

„AWS ја удвојува својата инвестиција во клауд инфраструктурата во Сингапур од 2024 до 2028 година за да ја поддржи побарувачката на клиентите и да помогне во зајакнувањето на статусот на Сингапур како атрактивна регионална платформа за иновации“, рече Присила Чонг, менаџер на AWS во Сингапур. Соопштението на самитот „AWS ASEAN“ во Сингапур го означува најновиот потег на Амазон во нивниот план за изградба на инфраструктура низ Југоисточна Азија. Компанијата претходно најави инвестиција од 5 милијарди долари во Тајланд и 6 милијарди долари трошење во Малезија.

Најавата на Амазон пристигна неколку дена откако извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, најави инвестиции во клауд услуги во вредност од 2,2 милијарди долари во Малезија и 1,7 милијарди долари во Индонезија за време на посетата на регионот. Исто така, и Apple најави дека планира да инвестира повеќе од 250 милиони долари во Сингапур.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.