ЕУ

Повеќе

Академијата за единствен пазар претставува нова фаза во европската интеграција на регионот: зајакнување на институциите, развој на компетенции и создавање доверба, што е неопходно за пристап до Единствениот пазар на Европската Унија. Како една од приоритетните активности во рамката План за раст на ЕУ за Западен Балкан, Академијата ќе овозможи реформските обврски да се преточат во практично знаење, конкретни институционални капацитети и механизми за одржлива соработка меѓу земјите од регионот и Европската Унија.
Meta се повлече од потпишување на ЕУ Кодексот на практика за модели на вештачка интелигенција од општа намена, тврдејќи дека предложената рамка ги надминува законските граници и претставува закана за иновациите. Нивниот потег го отвора клучното прашање: каде е границата помеѓу регулацијата и задушувањето на развојот на вештачката интелигенција?.
Травел и туризам индустријата во ЕУ ќе продолжи силно да расте и ќе создаде 4,5 милиони нови работни места до 2035 година.
Европската унија најави дека во рамки на план вреден 20 милијарди евра ќе бидат отворени од три до пет нови мегафабрики опремени со огромни суперкомпјутери во Европа, чија цел е развој на новата генерација модели на вештачка интелигенција (ВИ). Истовремено, ЕУ отвора можност за измени на постојниот закон за регулирање на оваа технологија.
Советот на ЕУ денеска ја одобри новата Предлог-регулатива за статистички податоци на пазарот на трудот за потребите на бизнисите (ЛМБ), која има за цел обезбедување поажурни и споредливи статистики меѓу земјите членки на Унијата.
Европската унија на почетокот на месецов официјално започна со спроведување на својот историски Закон за вештачка интелигенција, поставувајќи основа за строги ограничувања и потенцијални големи казни за прекршителите.
All articles loaded
No more articles to load