Во новиот годишен извештај за дигиталната обрана, Microsoft предупредува за загрижувачкиот раст на сајбер нападите во светот, истакнувајќи дека неговите корисници се соочуваат со околу 600 милиони вакви напади дневно, што е силно поврзано со геополитичките конфликти.
Сајбер напади
Повеќе
Едно ново истражување ги откри размерите на сајбер-нападите врз германската економија, особено од страна на Кина. Имено, речиси секоја втора компанија во истражувањето пријавила дека била цел на кинески хакери, објави здружението за дигитализација Bitkom.
Цел на напаѓачите е сè почесто оперативниот систем Windows каде ги користат ранливите драјвери, велат експертите од компанијата Kaspersky. Во вториот квартал од 2024 година, бројот на системи нападнати со оваа техника се зголемил за скоро 23% во споредба со првиот квартал. Ранливите драјвери можат да бидат употребени за широк спектар на напади, вклучувајќи рансомвер и напредни трајни закани (APT).
За време на Олимписките игри, кои се одржуваат од 26 јули до 11 август во главниот град на Франција, се очекуваат голем број сајбер напади во кои ќе учествуваат организирани криминалци, активисти, па дури и сами држави. Организаторите на Олимписките игри ги преземаат сите мерки за да го намалат нивното влијание врз натпреварите, учесниците и посетителите.
Компанијата Kaspersky во новиот извештај открива дека бројот на сајбер напади што ги претрпеле малите и средни претпријатија пораснал за 5% во првиот квартал на 2024 година, во споредба со истиот период минатата година.
Лидија Вучидолова – Богоевска, како извршен директор и член на Управниот одбор на КаСис ја има највисоката работна позиција од областа на управување со ризици, информациона и сајбер безбедност во единствениот македонски картичен систем. Со неа разговараме за работните предизвици и кариерата во исклучително динамична и иновативна индустрија.
All articles loaded
No more articles to load