Сајбер напади на Олимпијадата во Париз

За време на Олимписките игри, кои се одржуваат од 26 јули до 11 август во главниот град на Франција, се очекуваат голем број сајбер напади во кои ќе учествуваат организирани криминалци, активисти, па дури и сами држави. Организаторите на Олимписките игри ги преземаат сите мерки за да го намалат нивното влијание врз натпреварите, учесниците и посетителите.

sajber-napadi-pariz-1819-fi

Извор: DALLE-3

Мерки за одржување на сајбер безбедноста на Олимписките игри во Париз

Националната агенција за информациска безбедност на Франција (ANSSI) и компаниите за сајбер безбедност Cisco и Eviden непрестано работат на ограничување на влијанието на сајбер нападите. Винсент Штрубел, директор на ANSSI, уште пред почетокот на Игрите изјави: „Не можеме да ги спречиме сите напади, нема да има Игри без напади. Но, мораме да го ограничиме нивното влијание на Олимпијадата“.

Париз 2024 година се најповрзаните Олимписки игри досега, со широка интеграција на технологија и системи како што се финансиските системи, критичната национална инфраструктура, градската инфраструктура, спортската технологија, технологијата за емитување, трговијата и купувањето билети.

И покрај напорите, Штрубел признава дека Игрите се оперативни од центар за сајбер безбедност и дека се соочуваат со невиден степен на закани. „Исто така, остваривме до сега невидено ниво на подготовка, па мислам дека сме чекор понапред од напаѓачите“, додаде Штрубел.

Во една епизода од „The Security Podcasts“, вишиот потпретседател за безбедносни услуги во компанијата Arctic Wolf, Марк Мангликмот, зборува за тоа како поединците и бизнисите можат да се одбранат од сајбер закани за време на Олимпијадата, пренесува Security Magazine.

„Конкретно за овогодинешните Олимписки игри, ризикот од манипулација со вештачка интелигенција од страна на лоши актери се зголемува и претставува нова закана за оваа Олимпијада во споредба со минатото, поради присуството на ВИ технологиите. Затоа е важно поединците, спортистите, администраторите, тренерите и сите други кои присуствуваат на Олимпијадата да бидат свесни за тактиките за да можат проактивно да се спротивстават на потенцијалните сајбер закани“, рече тој.

Улогата на вештачката интелигенција и етичките хакери

Франц Регул, директор за ИТ на ОИ Париз 2024 година, вели: „Вештачката интелигенција ни помага да направиме разлика помеѓу нарушување и катастрофа“. Покрај тоа, Париз им плаќа на „етичките хакери“ да ги тестираат нивните системи. Овој пристап, познат како програма за „bug bounty“, им овозможува на организаторите да ги идентификуваат и поправат пропустите, пред злонамерните актери да ги искористат.

Закани

Винсент Штрубел потсетува дека Олимписките игри претставуваат „идеална цел поради глобалната популарност, пораките, симболите и медиумското покривање“. Тој рече дека најлошото можно сценарио е преплавеност со напади од мали размери, кои би можеле да ја нарушат критичната транспортна или енергетска инфраструктура за време на Игрите.

Претходно искуство со сајбер напади на натпреварите

Олимписките игри во минатото често беа предмет на сајбер напади, особено Зимските игри во Пјонгјанг во 2018 година, кога голем дигитален напад ја потресе церемонијата на отворањето. Во нападот тогаш бил користен вирус наречен „Olympic Destroyer“, а американското Министерство за правда обвини шест хакери од руските разузнавачки агенции за серијата хакирања во овој инцидент.

За време на Летните олимписки игри 2021 година во Токио, организаторите тврдеа дека претрпеле повеќе од 450 милиони сајбер напади, а бројот на настани во врска со сајбер безбедноста на Олимписките игри во Париз се очекува да биде десет пати поголем.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.