Секоја втора германска компанија е цел на кинески хакери

Едно ново истражување ги откри размерите на сајбер-нападите врз германската економија, особено од страна на Кина. Имено, речиси секоја втора компанија во истражувањето пријавила дека била цел на кинески хакери, објави здружението за дигитализација Bitkom.

cel-na-hakeri-lepard-2087-fi

Извор: BIZLife.rs

Четири од пет анкетирани компании пријавиле одредена штета од технолошки криминал, почнувајќи од кражба на податоци до индустриска шпионажа, со вкупна загуба проценета на 267 милијарди евра.

Од околу 1.000 испитани компании, 45% од нив ги поврзуваат нападите со Кина, што е за 42% повеќе отколку во минатогодишното истражување.

Од друга страна, учеството на Русите во нападите паднало на 39% во споредба со 46% во 2023 година.

Кина, како клучен економски партнер, привлече негативни наслови во германската јавност во последните неколку месеци поради откритието дека кинески хакери со години шпионирале во групацијата Volkswagen.

Претседателот на Bitkom, Ралф Винтергерст, истакна дека германската економија е длабоко поврзана со кинеската економија. Стратегијата со која германската влада има намера да ја ограничи трговската зависност сè уште нема дадено значајни резултати.

„Нешто за што беа потребни децении да се изгради, како што се синџирите на снабдување, заедничките инвестиции и други структури, не може да се промени за неколку години. Едноставно е невозможно,“ рече Винтергерст.

Потпретседателот на службата за заштита на уставот, Синан Селен, ги предупреди домашните претприемачи дека мора да бидат свесни дека кинеската држава се меша во економските прашања.

„Бизнисот со Кина не значи само препознавање можности, туку и ризици“, рече Селен. „Морате да ја категоризирате Кина како партнер каков што е, а и ризиците што ги носи тоа партнерство.“

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.