Мали и средни претпријатија кои го користат овој софтвер се мета на сајбер напади

Компанијата Kaspersky во новиот извештај открива дека бројот на сајбер напади што ги претрпеле малите и средни претпријатија пораснал за 5% во првиот квартал на 2024 година, во споредба со истиот период минатата година.

mali i sredni pretprijatija

Извор: Pixabay

Бројот на корисници кои наишле на малициозен и несакан софтвер кој се крие во софтверските производи или ги имитира бил 2.402, со 4.110 единствени датотеки дистрибуирани под маската на софтвер кој е наменет за мали и средни претпријатија. Ова е зголемување од 8% во однос на претходната година и укажува на постојан пораст на активностите на напаѓачите.

Малите и средни претпријатија се сè повеќе на мета на сајбер криминалците, се наведува во најновиот извештај на компанијата Kaspersky. Најчестиот облик на напади и понатаму се Тројанците, кои се особено опасни затоа што, за разлика од вирусите, не можат сами да се реплицираат и обично имитираат легитимен софтвер. Нивната прилагодливост и способноста да избегнат традиционални мерки на безбедност ги прават широко распространети и моќни алатки за сајбер криминалците.

Компанијата Kaspersky забележала 100.465 тројански напади во периодот од јануари до април 2024 година, што претставува пораст од 7% во однос на истиот период во 2023 година и 83.145 повеќе напади од следната најголема закана DangerousObjects, која забележала 17.320 напади – околу 6.994 повеќе отколку во 2023 година.

Microsoft Excel ја зазел првата позиција како најчест канал за напади, поместувајќи се од четвртото на првото место меѓу 2023 и 2024 година. Microsoft Word го зазема второто место, додека се Microsoft PowerPoint и Salesforce се следните најризични апликации.

Во подготвувањето на извештајот, аналитичарите на компанијата Kaspersky ги споредиле одбраните апликации, како што се MS Office, MS Teams, Skype и други програми кои се користат од страна на малите и средни компании, со Kaspersky Security Network (KSN) телеметријата. Ова им овозможува да ја утврдат преваленцата на злонамерните датотеки и несаканиот софтвер поврзан со тие програми, како и бројот на корисници нападнати од тие датотеки.

mali i sredni pretprijatija1

Извор: Unsplash

Фишингот останува постојана закана во МСП секторот и може да има катастрофални последици по бизнисот. Вработените добиваат линкови до навидум познати и легитимни веб-страници кои ги имитираат популарните услуги, корпоративните портали и платформите за електронско банкарство. Откако ќе се пријават, метите несвесно им ги откриваат корисничките имиња и лозинки на сајбер криминалците или покренуваат автоматизирани сајбер напади, загрозувајќи ги чувствителните информации и деловната сигурност.

„Нашите сознанија откриваат дека човечката грешка, често поради слабата свест за сајбер безбедноста, останува значајна причина за сајбер ранливоста на МСП. Покрај тоа, сеопфатната употреба на програмата Microsoft Excel во канцелариските околини овозможува плодно тло за сајбер криминалците кои можат да ги сокријат и манипулираат злонамерните податоци во големи збирки на податоци кои потоа се споделуваат низ претпријатието. Иако МСП може да бидат во илузија дека не се мета, тие припаѓаат на огромен екосистем на меѓусебно поврзани ентитети и сајбер криминалците ќе ја искористат секоја слабост. Поради ова, клучно е за сите МСП да создадат јасни политики за пристап до која било корпоративна сопственост и да осигураат дека вработените редовно се потсетуваат на важноста од почитувањето на основните правила за сајбер безбедност,“ коментира Драган Давидовиќ, генерален директор на компанијата Kaspersky за источна Европа.

Заштитата на МСП секторот од растечките активности на сајбер криминалците е клучна за глобалните економски, особено во растечките економии. Според податоците на ОН, 7 од 10 работни места во растечките економии се во МСП секторот, додека пристапот до финансирање е несразмерно тежок, што им го отежнува на претпријатијата во секторот инвестирањето во заштита од напади.

Прочитајте го целиот извештај на Securelist.com.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.