Целта е заштита на здравствениот сектор од сајбер-закани и подобрување на способноста за детекција, со што ќе се создаде побезбедна околина за пациентите и здравствените работници, се наведува во соопштението на Европската комисија.
Според податоците од земјите членки, во текот на 2023 година биле регистрирани 309 сериозни сајбер-инциденти во здравствениот сектор – повеќе отколку во кој било друг критичен сектор.
Акцискиот план предвидува воспоставување на Европски центар за поддршка на сајбер-безбедноста во здравството, кој ќе им обезбеди на болниците и здравствените установи прилагодени насоки, алатки, услуги и обуки.
Иницијативата се заснова на поширокиот рамковен пристап на ЕУ за зајакнување на сајбер-безбедноста на критичната инфраструктура, а ова е првиот секторски пристап што ги користи сите достапни мерки на ЕУ.
Планот се темели на четири главни приоритети:
- Подобрување на превенцијата
- Подобра детекција на заканите
- Одговор на сајбер-нападите
- Одвраќање на напаѓачите
Акцискиот план ќе се спроведува во соработка со здравствените услуги, земјите членки и сајбер-заедницата. Комисијата наскоро ќе покрене јавно советување.
Планот е почеток на процесот за подобрување на сајбер-безбедноста во здравствениот сектор. Конкретните мерки постепено ќе се воведуваат во текот на 2025 и 2026 година. Резултатите од советувањето ќе послужат за изработка на дополнителни препораки до крајот на годината, наведува Европската комисија.
Извор: Bizlife.rs