Европските залихи на вода за пиење скриени длабоко под земјата се соочуваат со сериозен проблем со загадувањето. Најголемиот подземен резервоар на вода за пиење во Европа, кој се протега од Франкфурт до Базел и снабдува повеќе од пет милиони луѓе, содржи траги од пестициди, фармацевтски остатоци и индустриски хемикалии познати како PFAS „вечни хемикалии“.
Загадување
Повеќе
Електронскиот отпад или е-отпадот денес е еден од најголемите еколошки проблеми во светот, за кој експертите и меѓународните организации предупредуваат со години, додека конкретни резултати и понатаму недостигаат. Под е-отпад се подразбираат сите отфрлени електрични и електронски уреди кои имаат батерија или приклучок за струја и содржат опасни материи како жива, олово и кадмиум.
Откриени се 10-те аеродроми кои најмногу ја загадуваат животната средина, а дури три се наоѓаат во Европа, и покрај тврдењата дека се посветени на достигнување нето нулта емисија до 2050 година.
Новото истражување на меѓународниот тинк-тенк за глобални прашања ODI Global, спроведено во партнерство со организацијата Transport and Environment (T&E), го анализираше влијанието на 1.300 меѓународни аеродроми врз климата и квалитетот на воздухот за да утврди кои најмногу загадуваат.
Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата достигна највисоко ниво во последните 800.000 години, и продолжува да расте – што е главен предизвикувач на рекордното затоплување на планетата, соопшти Светската метеоролошка организација (WMO).
Двајца тинејџери од Тексас осмислија уред кој може да помогне во решавањето на еден од најраспространетите и најпредизвикувачките облици на загадување на Земјата: микропластиката.
Употребата на медоносните пчели како биомонитори претставува ветувачки пристап за континуирано следење на загадувањето на животната средина, што ги надополнува традиционалните стационарни мерни единици.
All articles loaded
No more articles to load