Рекорден CO₂: Планетата испраќа алармантни сигнали

Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата достигна највисоко ниво во последните 800.000 години, и продолжува да расте – што е главен предизвикувач на рекордното затоплување на планетата, соопшти Светската метеоролошка организација (WMO).

planeta-3274-fi

Извор: Unsplash

Во извештајот за глобалната состојба на климата се наведува дека во 2023 година, концентрацијата на CO₂ изнесувала 420 честички на милион (ppm) – што е 151% повеќе во однос на 1750 година.

Според WMO, тоа одговара на околу 3.276 гигатони (илјади милијарди тони) јаглерод диоксид во атмосферата. Освен CO₂, и концентрациите на метан и азот-оксид, други гасови со ефект на стаклена градина, се на највисоко ниво во последните 800.000 години. Податоците во реално време покажуваат дека овие нивоа продолжиле да растат и во текот на 2024 година.

Најтоплите години во историјата

Постојаниот раст на емисиите на стакленички гасови, заедно со климатскиот феномен “Ел Нињо”, се главните причини за глобалното затоплување и соборување на температурни рекорди во 2023, а потоа и во 2024 година, се вели во извештајот на WMO.

Периодот од 2015 до 2024 година ги опфаќа најтоплите години откако постои мерење, а 2024 е, најверојатно, првата година кога просечната глобална температура била повисока за 1,5 °C во споредба со прединдустрискиот период.

Иако се потврдува дека 2023 била најтоплата година во последните 175 години, се додава дека долгорочното глобално затоплување, измерено како просек во текот на повеќе децении, сè уште останува под прагот од 1,5 °C, утврден со Парискиот договор.

Просечната глобална температура во 2024 година изнесувала околу 1,55 °C над просекот за периодот 1850–1900 година.

Деградација на морските екосистеми и топење на глечери

Во извештајот се проценува дека долгорочното глобално затоплување во моментов се движи помеѓу 1,34 и 1,41 °C во споредба со прединдустрискиот период.

Покрај човековото влијание, за ненадејните температурни разлики можеби придонеле и: промените во соларниот циклус, масивна вулканска ерупција како и намалување на ладење преку аеросоли. WMO предупредува дека некои од последиците се неповратни за стотици, ако не и илјадници години.

Исто така, се истакнува дека океаните продолжуваат да се загреваат, нивото на морињата расте, а површината на мразот се намалува со алармантна брзина.

Затоплувањето на океаните доведува до: деградација на морските екосистеми, губење на биодиверзитет, намалување на способноста на океанот да апсорбира јаглерод,зголемено создавање тропски бури и раст на нивото на морето.

Стапката на топење на глечерите е алармантна

Според извештајот, стапката на пораст на нивото на морињата во последната деценија е двојно повисока од онаа во периодот од 1993–2002 година. Ова има сериозни последици врз екосистемите, инфраструктурата, ја зголемува опасноста од поплави и доведува до загадување на подземните води со солена вода.

WMO предупредува дека тропски циклони, поплави, суши и други екстремни климатски настани во 2024 година довеле до најголем број нови раселувања во последните 16 години. Последиците вклучуваат:

1.Уништување на домови

2.Загуба на клучна инфраструктура

3.Шврз шумите, земјоделството и биодиверзитетот

4.Криза со храна

5.Огромни економски загуби

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.