Генерација Z

Повеќе

Burnout не познава години и работни позиции – ја чувствуваат сите, од почетници до среден менаџмент, па сè до највисоките управни позиции. Но, една генерација особено ги чувствува последиците од хроничниот стрес. Според неодамнешен извештај на компанијата Aflac, околу 66% од миленијалците пријавуваат умерено до високо ниво на burnout на работното место . Веднаш зад нив се генерацијата X со 60%, а потоа следува генерацијата Z со 56%. Најмал процент на burnout пријавуваат бејби-бумерите, само 39%.
Според најновото истражување објавено од реномираниот портал eMarketer, дури 72% од припадниците на генерацијата Z во САД откриваат нова содржина преку друштвените мрежи, додека 71% го наведуваат YouTube како еден од клучните канали за информирање.
YouTube сè уште е на прво место, дури 78% од припадниците на генерација Z го користат секојдневно. Потоа следуваат Instagram со 76% и TikTok со 69%. Facebook и X се наоѓаат на дното на листата, а Gen Z јасно порачува: сакаме автентичност, брзина и содржина што изгледа како да ја снимил наш пријател а не маркетинг агенција.
Генерацијата Z, која претставува приближно 30% од светската популација, брзо зазема значајна улога на глобалниот пазар на труд, со прогнози дека до 2026 година нејзиниот удел меѓу вработените ќе го достигне истиот процент.
Дури 60 проценти од компаниите во Соединетите Американски Држави отпуштиле вработени од генерацијата Z кои ги вработиле оваа година.
Едноставна порака меѓу вработен од Генерацијата Z и шеф-милениумец открива колку многу се смениле очекувањата на работното место.
All articles loaded
No more articles to load