брендинг

Повеќе

Кога ќе ја спомнете Coca-Cola, првото нешто што ви доаѓа на ум покрај вкусот и логото е тајната формула. Приказната дека Coca-Cola ја чува својата формула во сеф, под клуч, достапна само за двајца луѓе во светот, звучи како сцена од филм. И токму тоа е целта. Но реалноста е далеку попроста, а вистинската моќ на Coca-Cola лежи не во хемијата, туку во митологијата.
Уживањето во утринското кафе отсега доаѓа со доза мотивација – ако сте редовен гостин во Starbucks, можеби сте забележале нова практика: на вашата чаша, покрај името, сега може да ве пречека и кратка мотивациска порака.
Некои ќе речат дека насловот можеби е преамбициозен. Други ќе имаат асоцијација на филмот на Вуди Ален со сличен, попровокативен наслов. Овие вторите се поблиску до вистината. И пред да почнеме, мал совет: Ако не сте го гледале споменатиот филм – погледнете го. Морам да признаам дека од перспектива на комуникации, нема поголем предизвик и подобро погодена тема од LinkedIn како деловна мрежа. Овој пат ќе ги игнорирам мимовите за тоа како и оваа мрежа се користи за други цели, а се наслушав многу работи во последно време.
Можеби на прва помисла постои голема сличност помеѓу поимите популарност и личен брендинг. Иако двата можат да играат значајна улога во успехот, суштинските разлики помеѓу нив често остануваат нејасни – иако постојат. За почеток: популарноста може да биде минлива, додека личниот брендинг е траен процес на изградба на доверба и авторитет во својата област. Токму од оваа причина, LinkedIn се истакнува како идеална платформа за развој на личниот бренд.
All articles loaded
No more articles to load