И кафе и мотивациска порака: Баристите во Starbucks добија ново задолжение

Уживањето во утринското кафе отсега доаѓа со доза мотивација – ако сте редовен гостин во Starbucks, можеби сте забележале нова практика: на вашата чаша, покрај името, сега може да ве пречека и кратка мотивациска порака.

starbucks-3257-fi

Извор: TikTok

Оваа иницијатива е дел од поширока стратегија на брендот за создавање потопло и поперсонализирано искуство за клиентите. Целта е секој гостин да се почувствува посебно и денот да му започне со убава мисла или инспиративен цитат. Фрази како „Ова е твојот ден!“, „Верувај во себе“ или „Насмевни се – совршено ти стои“ станаа дел од секојдневната рутина на баристите.

Но оваа нова улога носи и предизвици. Покрај тоа што треба да паметат сложени нарачки, да бидат брзи и прецизни, баристите сега имаат и дополнителна обврска – да смислат соодветна порака за секој клиент. Од нив се очекува не само ефикасност, туку и емоционална вклученост, што може да го зголеми стресот на работното место.

Како што пишува Бет Ковит во колумна за Bloomberg Opinion, оваа промена го отсликува поширокиот тренд во корпоративна Америка – од вработените не се бара само да понудат производ или услуга, туку и да создадат чувство, атмосфера, па дури и „да произведат среќа“. Но, дали навистина е можно автентична радост да биде дел од работни обврски?

Иако реакциите на гостите главно се позитивни, останува прашањето: дали ова навистина го подобрува корисничкото искуство или е уште еден обид на компаниите да им наметнат дополнителни задачи на вработените под превезот на „забава“?

Едно е сигурно – следниот пат кога ќе нарачате кафе, со вкусот на вашиот омилен напиток ќе добиете и малку корпоративно смислена мотивација.

Starbucks го скрати менито – 13 пијалаци исчезнуваат

Starbucks се откажува од неколку сложени и помалку популарни пијалаци со цел да го поедностави менито и да го намали времето на чекање за клиентите.

Компанијата потврди дека од 4 март, 13 пијалаци ќе бидат отстранети од менито како дел од стратегијата да се „врати Starbucks кон себе“ и да се фокусира на помал избор на популарни пијалаци, направени до совршенство.

„Овие пијалаци ретко се нарачуваат, комплицирани се за подготовка или се премногу слични со други на менито,“ соопшти компанијата.
„Ова ќе отвори простор за иновации, ќе помогне да се скрати времето на чекање, ќе го подобри квалитетот и доследноста и ќе се усогласи со нашиот основен идентитет како компанија за кафе.“

Овој потег е дел од реструктурирање насочено кон поедноставено искуство за клиентите, но и олеснување на работата за вработените, кои често се соочуваат со долги редици и барања за специфични комбинации.

Извор – bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.