Сексизмот кај старт-апите го продлабочува јазот меѓу половите

И покрај прогресивноста која се поврзува со културата на старт-апите, сексизмот во овие растечки претприемачки екосистеми преовладува. Дали можеме да го искорениме?

seksizam-kaj-startapi-1293-fi

Извор: Freepik / vecstock

Предизвиците со кои се соочуваат жените во светот на старт-ап компаниите често произлегуваат од раните искуства во училниците, каде родовите предрасуди и бариери се вкоренети уште од рана возраст.

Помалиот интерес на жените за STEM кариерите е директно поттикнат од недостатокот на застапеност и дискусија за влијателните женски фигури во технологијата. Доминацијата на мажите во улоги поврзани со технологијата дополнително го зајакнува овој наратив.

Колку „добронамерниот“ сексизам е добар?

Неодамнешно истражување го прикажа влијанието на „добронамерниот“ сексизам врз оценувањето на старт-апите предводени од мажи и жени. Хипотезата на истражувањето е дека оценувачите кои имаат „добронамерни“ сексистички ставови ги перципираат старт-апите предводени од жени како помалку остварливи, но таквите ставови немаат никакво влијание врз евалуација на старт-апи предводени од мажи.

За да се тестира оваа хипотеза, беа спроведени три студии каде учесниците имаа задача да ги оценат хипотетичките старт-апи во рана фаза, основани од маж или жена, во двете сценарија со идентични квалификации и идеи за стартување.

Резултатите од сите три студии открија дека оценувачите со „добронамерните сексистички верувања“ ги оценуваат со поповолни оценки старт-апите предводени од мажи.

Но, колку оваа добронамерност влијае врз можностите на жените основачи на старт-апи?

Жените можат да очекуваат да бидат малцинство во старт-апите, а мажите да очекуваат да бидат мнозинство. Фотографиите како оние што ги објави Илон Маск од неговиот внатрешен круг во седиштето на Твитер ги зајакнуваат овие стереотипи во технолошкиот свет.

elon-musk-tvit-1293-ps1

Извор: Twitter

Како да ја промениме перцепцијата?

Често се сугерира дека жените треба да се променат. На пример, на жените им се советува да ги променат начините на комуникација и преговарање. Исто така, им се советува да се впуштат во повеќе „машки“ и повисоко профилирани индустрии.

Но, истражувањето покажува дека и покрај идентичните квалификации и идеи, старт-апите предводени од мажи се перципирани како поперспективни. Дополнително, добронамерните напори за премостување на родовите јазови може ненамерно да ја засилат идејата дека на жените им е потребна помош, засилувајќи го постојниот сексистички наратив.

women-in-tech-1293-ps2

Извор: Freepik / Paulina

За ефикасно да се премости родовиот јаз во претприемништвото, мора да ја подигнеме свеста за скриените, не толку добронамерни влијанија на добронамерниот сексизам. Програмите за едукација и обука за претприемачите, менторите и инвеститорите можат да помогнат за оваа цел.

Истражувањето предлага добро дефинирани и транспарентни критериуми за евалуација на претприемачките идеи и бизнис планови. Истражувањата покажуваат дека воспоставувањето јасна структура, транспарентност и отчетност во процедурите за евалуација се од витално значење за искоренување на пристрасното донесување одлуки.

Дигитален маркетер со правничка позадина. Со огромна љубов кон пишувањето и all things eco-friendly. #TheVoiceOfGenZ

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.