LinkedIn, најголемата деловна мрежа во светот, на почетокот од годината претстави AI асистент за креирање статуси и објави. Очекувањата беа високи, алатката беше дизајнирана да им помогне на корисниците да се изразат прецизно и професионално. Но, како што потврди извршниот директор на компанијата, Рајан Розлански, резултатите не ги исполнија очекувањата. AI „писателот“ не стана популарен, барем не онолку колку што се предвидуваше.
Објавите на LinkedIn се сфаќаат сериозно
„Објавување на LinkedIn не е исто што и ставање слика на некоја друга социјална мрежа. Тоа е како да го ажурирате своето CV, луѓето внимателно ги бираат зборовите, свесни дека ги читаат потенцијални работодавци и соработници“, изјави Розлански.
Стравот од неавтентичност и од можност за репутациска штета се главните причини за воздржаноста. Во деловна средина каде зборот и тонот се важни речиси колку и самата порака, многумина сè уште претпочитаат личен пристап. Автоматизирани текстови, колку и да се граматички исправни, често звучат генерички и без личен печат што на професионална мрежа може да остави погрешен впечаток.
Интересно е, сепак, што интересот за вештачка интелигенција во поширока смисла не се намалува бројот на огласи за работа што бараат AI вештини е зголемен шесткратно, додека бројот на корисници кои ги внесуваат тие вештини во своите профили пораснал за дури дваесет пати, објави TechCrunch.
AI можеби е иднината на работата , но кога станува збор за лична презентација на професионалните мрежи, сè уште изгледа дека луѓето повеќе си веруваат себеси отколку на алгоритамот.
Извор – web-mind.rs