Ова се случи по разочарувачкиот финансиски извештај за првиот квартал од страна на холдингот специјализиран за производство на луксузна стока, пренесе Reuters.
Според последниот квартален извештај, акциите на LVMH паднале за 7%, што ја намали неговата пазарна капитализација на 246 милијарди евра, додека Hermès, исто така француска престижна модна куќа, моментално вреди 247 милијарди евра.
LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy), кој ги вклучува премиум брендовите како Louis Vuitton, Dior, накитот Tiffany и козметичкиот ланец Sephora, забележа резултати под очекувањата во првиот квартал. Причината за тоа е намалената потрошувачка кај американските купувачи на козметика и коњак, како и продолжената слаба продажба на кинескиот пазар.
Извор: bizlife.rs