Отпуштен вработен на Дизни го хакирал системот на компанијата

Отпуштен вработен на Дизни наводно ги хакирал серверите на компанијата за да ги промени менијата на рестораните и информациите за алергени. При тоа, користел и вулгарни изрази, според федералната кривична тужба поднесена на Флорида.

dizni-2407-fi

Извор: Unsplash

Во жалбата, поднесена на 23 октомври до Окружниот суд за Средниот округ на Флорида, не е наведено името на Дизни. Дејвид Хас, адвокат кој го застапува осомничениот во  овој случај, потврди за CNN дека компанијата вклучена во тужбата е Дизни.

Според жалбата, Дизни ги идентификувал и отстранил сите изменети менија пред да бидат испратени во рестораните. Првите известувања за тужбата ги објавија 404 Media и Court Watch.

Мајкл Шеуер, кој работел како продукциски менаџер во Дизни, бил отпуштен во јуни поради недолично однесување, се наведува во жалбата. Тој имал пристап до интерните сервери на компанијата и ги користел за креирање и објавување менија за сите ресторани на Дизни, што било дел од неговата работа.

Откако бил отпуштен, Шеуер повеќепати го хакирал софтверот на компанијата кој креира и дистрибуира менија за рестораните што ги управува Дизни, се наведува во жалбата.

dizni-2407-ps1

Извор: Pixabay

Измени на менито

Мајкл наводно повеќепати ги хакирал серверите за да манипулира со менијата, менувајќи ги цените и додавајќи вулгарни зборови. Според жалбата, тој направил измени што го загрозиле јавното здравје и безбедноста, вклучувајќи и промени на информациите за алергени, што претставувало смртоносен ризик за лицата со алергии на кикиритки.

Шеуер ги негирал своите постапки, тврдејќи дека Дизни „се обидува да го намести“ поради условите под кои бил отпуштен, се наведува во жалбата.

Неговиот адвокат, Дејвид Хас, изјави за CNN дека наводите „потврдуваат дека никој не е повреден“.

Според Хас, Шеуер имал „проблеми со менталното здравје“ и доживеал напади на паника на работа. Прво бил суспендиран, а потоа отпуштен.

„Дизни не одговори на неговите прашања за отпуштањето, па тој поднесе жалба до Комисијата за еднакви можности за вработување“, изјави Хас.

dizni-2407-ps2

Извор: Pixabay

Детали од жалбата

Дизни и канцеларијата на американскиот обвинител за Средниот округ на Флорида одбија да коментираат.

Во јули компанијата спровела внатрешна истрага и открила дека промените во системот за креирање менија ги направиле сите менија неупотребливи. Според жалбата, системот за креирање менија на Дизни, бил хакиран една до две недели, а менијата морале рачно да се коригираат.

Вработените во Дизни ги забележале промените кога Шеуер го претворил текстот на менито во симболи.

„Оваа промена била толку значајна што го направила системот за креирање менија нефункционален додека промените не биле исправени. Компанијата морала да ја исклучи апликацијта Menu Creator за да ги врати резервните копии и да ја поврати функционалноста,“ се наведува во жалбата.

dizni-2407-ps3

Извор: Pexels

Вработените останале без пристап до системот

Шеуер, исто така, наводно го оневозможил пристапот до сметките на најмалку 14 вработени во Дизни за време на неговите хакерски напади, со тоа што повеќепати се обидувал да се најави на нивните сметки со погрешни лозинки.

Дополнително, наводно ги изменил QR кодовите на менијата на Дизни за да ги пренасочи луѓето на веб-страница која повикува на бојкот на компании поврзани со Израел. Дизни ги отпечатил изменетите QR кодови, но успеал да ги идентификува и отстрани пред да бидат испратени во рестораните, се наведува во жалбата.

Сајбер нападите му нанеле штета на Дизни од најмалку 150.000 долари, се наведува во жалбата.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.