Индустриите ќе го решат проблемот со недостиг на работници со помош на хуманоидни роботи

Со имплементација на хуманоидни роботи во производството, индустриите првенствено би можеле да го премостат континуираниот проблем со недостиг на работници, а се очекува дека тоа ќе придонесе за зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и поттикнување на иновативноста во работната средина, открива анализата на консултантската куќа Horváth „Хуманоидни роботи во работењето“.

humanoidni-roboti-1881-fi

Извор: Freepik

Со имплементација на хуманоидни роботи во производството, индустриите првенствено би можеле да го премостат континуираниот проблем со недостиг на работници, а се очекува дека тоа ќе придонесе за зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и поттикнување на иновативноста во работната средина, открива анализата на консултантската куќа Horváth „Хуманоидни роботи во работењето“.

Хуманоидните роботи, кои според дизајнот потсетуваат на луѓе, треба наскоро да бидат имплементирани во производните хали на индустриските компании. Сериското производство на ваквите машини се очекува веќе во текот на следната година. Ова се само некои од заклучоците на анализата на пазарот „Хуманоидни роботи во работењето“, изработена од консултантската куќа Horváth. Благодарение на забрзаниот технолошки напредок, се очекува дека до 2030 година хуманоидните роботи ќе бидат толку напредни што во производството, кое сè повеќе се соочува со проблемот на недостиг на работници, ќе можат да помогнат во решавањето на овој проблем.

Во индустријата главно се користат зглобни роботи за заварување, лакирање и монтажа. Колаборативните роботи (анг. cobots) се користат, меѓу другото, за контрола на квалитетот на производите. Хуманоидните роботи веќе се користат во рамките на пилот проекти во автомобилската индустрија, а се предвидува дека тие ќе се усовршуваат во насока на брзината на движење, флексибилноста и фините моторички вештини, кои ги имитираат човечките.

horvat-1881-ps1

Извор: Horváth

image-1

„Нашата анализа покажа дека во блиска иднина хуманоидните роботи имаат потенцијал да преземат повеќе од 50% од првенствено рачно извршуваните задачи во производната средина. Нивната имплементација во производството би можела да го премости континуираниот проблем со недостиг на работници за физички тешки и задачи кои се повторуваат. Иако првично бара значителни инвестиции, се очекува дека овој пристап ќе придонесе за зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и поттикнување на иновативноста во работната средина“, објасни Марија Болдор од консултантската куќа Horváth.

Иако во тек се само пилот проекти, веќе сега бројни индустрии гледаат потенцијал во користењето на хуманоидни роботи, но и почнуваат да ја разгледуваат можноста за нивна имплементација во различни стратегии, можни сценарија и сектори на примена. Се очекува дека со развојот на технологијата, опсегот на задачи кои ќе можат да ги извршуваат роботите ќе биде сè поголем, со што на долг рок и повратот на инвестицијата би требало да биде значителен.

Во овој момент, трошоците за набавка и интеграција на хуманоидни роботи се значително повисоки од трошоците за другите индустриски роботи, се заклучува во оваа анализа на Horváth. Сепак, кога ќе започне сериското производство, се очекува значително намалување на трошоците.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.