Рецепти
Еднo тенџере, една тава и пет минути сецкање. Ова е менито што ќе ве спаси оваа недела.
Понекогаш не ни треба нов кулинарски предизвик, туку само добар ручек што нема да направи хаос во кујната Пастата затоа е секогаш сигурен избор, брзо се подготвува, лесно се приспособува на она што веќе го имате дома, а со неколку добри состојки може да изгледа како многу посериозен оброк отколку…
Сите барем еднаш сме се нашле во иста ситуација Телефонот ѕвони, пријателите се во близина, семејството доаѓа на кафе или гостите неочекувано најавуваат дека ќе дојдат Домот можеби не е совршено среден, но најголемата дилема обично е: што да послужите со…
Повеќе
Нашето гастрономски патување продолжува. Откако ги посетивме Франција и Германија, сега одиме малку посеверно, па се спуштаме на жешкиот југ и завршуваме високо на Алпите.
Декември е месец кој има посебна моќ. Тоа е време кога границите на картата стануваат невидливи, бидејќи во секој дом, во секое ќоше на Европа, се случува истата магија, семејството се собира околу трпезата.
Ако ги затворите очите и помислите на „вкусот на детството“, веројатно ќе ве пречека сликата на кујната на вашата баба. Кариран чаршаф на масата, емајлирани тенџериња што вријат тивко на шпоретот и мирис кој веднаш ви кажува дека сè ќе биде во ред.
Декември има свој посебен мирис. Мириса на греено вино, на печена тиква, на топлина што доаѓа од кујната и се шири низ целиот дом. Но, над сè, мириса на заедништво.
Разговаравме за магијата на семејниот оброк и за ретро-топлината што ја носи кујната на баба. Но, сега дојде време да ја зголемиме температурата! Понекогаш, најдобриот оброк е оној што се јаде во исчекување на нешто големо, нешто што го спојува семејството околу телевизорот или, за оние најсреќните – директно на трибините!
Кога надвор температурите паѓаат под нулата, а денот станува сè пократок, нашето тело инстинктивно бара утеха. Не постои побрз начин да се стоплите одвнатре и да ја вратите енергијата отколку со чинија топла, домашна супа. Тоа е повеќе од храна тоа е „течна прегратка“.