1. Рижото со печурки
Потребно:
- 1 шолја ориз – арборио (за најкремасто рижото)
- 200 g печурки
- 2 коцки MAGGI пилешки булјон
- 200 мл бело вино
- 50 грама путер
- Лук
- Кромид
- Сол
- Пармезан
Како:
Во тенџере пропржете кромид и лук, додадете ги печурките и путерот, пржете додека да испари водата, па додадете го оризот и белото вино. Во 800мл вода растворете 2 коцки пилешки бујлон и постепено (кутлача по кутлача ) додавајте во оризот. Откако оризот ќе добие кремаста текстура додадете рендан пармезан.
Совет: За повеќе боја, пола лажичка шафран.
Време на подготовка – 30 минути.
2. Бурито со пилешко во Air Fryer
Потребно:
- тортиљи
- 200 g пилешко
- 1 Авокадо,
- 150 гр грчки јогурт
- ¼ лимон
- Зачини (коријандер, лук во прав)
- 1 Кромид
- 1 Црвена пиперка
- MAGGI Air Fryer мешавина за тортиља во мексикански стил
Исечкајте го пилешкото, пиперките и кромидот на ленти. Додадете масло и MAGGI Air Fryer мешавина за тортиља во мексикански стил. Наредете во еден слој и печете 15 минути на 190°C, вртејќи ги 2-3 пати.Додека пилешкото се пече, подгответе го сосот – грчкиот јогурт измешај го со коријандер, лук во прав и ¼ лимон. Во посебен сад испасирајте го авокадото. Кога пилешкото ќе биде готово поченте со виткање на тортиљата во следниот редослед: тортиља, авокадо, пилешко со зеленчук, сос од јогурт.
Одлично и за ручек и за носење на работа.
Време на подготовка – 30 минути.
3. Полнет модар патлиџан
Потребно:
- MAGGI зачин
- 300 g мелено месо
- 1 Кромид
- 2 големи домати
- 1 црвена пиперка
- Рендан пармезан
- Маслиново масло
- сол
Како:
Исечете го модриот патлиџан на дебели кругови. Одозгора, површински засечете го во коцки, премачкате со маслиново масло и ставете да се потпече во рерна 25 минути на 180 степени. Во меѓувреме исечкајте го кромидот и пиперката и пропржете на маслиново масло, кога зеленчукот ќе омекне, додадете го меленото месо и уште 5-6 минути. Кога месото ќе биде готово, додадете MAGGI зачин и сос од изрендан еден домат. Гответе уште 2-3 минути. Кога модриот патлиџан ќе биде готов, извадете го од рерна, притиснете ја средината да направите простор и наполнете го со смесата од месо, зеленчук и домати, додадете рендан пармезан и сос од другиот дома. Ставете да се пече додека да се стопи пармезанот.
Подготовка: 30 минути
4. Чорба од тиква
Потребно:
- ½ тиква (butternut squash)
- ¼ сноп праз
- 3 чешниња лук
- MAGGI булјон од зеленчук
- 50 грама путер
- 400 грама павлака
Како: Излупете ја тиквата и исечкате ја на коцки, ¼ сноп праз исчистете го и исечкајте го на тркалца, заедно со лукот и две MAGGI коцки бујлон додадете ги во 1л вода и варете 20тина минути (додека тиквата не омекне). Откако ќе се свари, извадете неколку кутачи вода и измешајте со павлаката. Сварениот зеленчук изблендирајте го со остатокот од водата, додадете ја павлаката и се заедно измешајте. На крај додадете го путерот и уживајте во чорбата.
Подготовка: 30 минути
5. Макарони со 4 вида сирење
Потребно:
- 300 гр таљатели
- 400 мл павлака за готвење
- маслиново масло
- 30 гр MAGGI Fix Идеја за пилешко со 4 видови сирење
- 50 гр говедска пршута
Како: Ставете ги таљателите да се сварат во зовриена вода и исцедете ги кога ќе бидат готови. Сипете малку маслиново масло во тавче и малку пропржете ја пршутата претходно исечена на помали парчиња. Растворете ја содржината од кесичката MAGGI идеја за макарони со 4 видови сирење во 400 мл. павлака за готвење па прелијте преку потпржената пршута. Додадете ги таљателите и зачинете со бибер и сол
Подготовка: 20 минути