Истражувањата покажуваат дека со кратки дневни паузи нивото на стрес се намалува за 14,7%, продуктивноста се зголемува за 33,2%, а концентрацијата се подобрува за 28,6%. Од друга страна, по само 2 часа непрекината работа, менталната благосостојба почнува да опаѓа, а стресот се зголемува. По 4 часа без пауза, нивото на стрес е повисоко за 18%.
Колку трае идеалната пауза?
Според стручњаците, не се потребни долги паузи за да ги почувствуваме бенефитите. Доволни се микро-паузи од 5 до 10 минути за да се вратиме во форма и да го избегнеме ризикот од прегорување. Идеално е да правиме кратки паузи на секои 45 минути работа. Најважно е да ги препознаеме моментите кога нашата продуктивност паѓа.
Времето на паузата исто така игра улога. Кратките паузи се најефективни наутро, додека подолгите се поефикасни во доцните попладневни часови. Нашето ниво на енергија обично е најниско околу 15 часот.
Што треба да избегнуваме за време на пауза?
- Избегнувајте социјални мрежи. „Скролањето“ не му дава вистински одмор на мозокот.
- Избегнувајте разговори со колеги за работа. Мозокот и натаму останува во „работен режим“ и не се релаксира.
Што да правите за време на паузата?
1. Движете се
Само 15 минути физичка активност во текот на работниот ден го подобрува менталното здравје за 22,5%. Дигнете се, прошетајте, играјте, искачете скали секое движење е добредојдено. Намалете го времето на седење за да го намалите стресот и да ја подобрите концентрацијата.
2. Излезете надвор
Одмор на отворено, особено во зелени површини, полни повеќе „батерии“ од пауза во канцеларија. Сончевата светлина е особено важна во зима – таа му помага на телото да го регулира циркадијалниот ритам (внатрешен биолошки часовник што управува со сонот, апетитот и будноста).
3. Повикајте пријател
Разговорот со пријател (а не колега) може да ве опушти, да ви го подобри расположението и да го зајакне менталното здравје. Телефонскиот повик понекогаш е доволен за да се вратите на работа со насмевка.
4. Поминете време со животни
Контактот со животни го сигнализира мозокот да се опушти. Взаемната интеракција со милениче го намалува нивото на кортизол хормон на стрес. Американските гимнастичарки на Олимпијадата во Париз 2024 имаа терапевтски пес со себе за подобра ментална подготвеност пред натпреварите.
5. Испијте нешто корисно
Избегнувајте пијалоци со шеќер, кофеин и адитиви. Наместо тоа, изберете чаша вода или билен чај. Едноставно, но ефикасно средство за освежување.
Извор – easylife.rs