Стјуардеси открија кој таен код го користат кога ќе забележат згоден патник

Сите понекогаш користиме таен јазик или гестови за пораки што ги разбираат само „вклучените“ – било тоа да е суптилно намигнување кон пријател или мал потчук под маса. Но, дали знаевте дека и кабинскиот екипаж во авионите има свој таен јазик?

kod-4721-fi

Извор: Unsplash

Една стјуардеса откри дека членовите на екипажот дискретно се предупредуваат кога ќе забележат особено атрактивен патник – и сè се сведува на само еден збор.

Стјуардесата, која сакала да остане анонимна, објаснила за порталот eShores:
„Ако слушнете дека некој го повикува ’Bob’, тоа всушност е скратеница од babe on board – што значи дека патникот е згоден.“

Но тоа не е единствениот сигнал.
„Ако стјуардесата ви каже ‘cheerio’ кога излегувате од авион, можно е тоа да е нејзин начин суптилно да ви даде до знаење дека ѝ се допаѓате“, додала таа низ смеа.

Таа откри и што се случува кога некој навистина ќе го привлече вниманието на екипажот:
„Сите трчаме во кујната и им кажуваме на другите каде седи тој згоден патник“, признала. „Ќе бидеме особено љубезни со нив, а можеби и ќе добијат нешто бесплатно. Можам да потврдам дека броеви на телефон знаат да завршат на салфетки!“

Од „ангели“ до „сирени“ – значења на други кодови

Се разбира, не се сите кодови поврзани со симпатии. Кабинскиот персонал користи цел спектар изрази за меѓусебна комуникација за време на летот.

На пример:

  • „Сирена“ – патник кој намерно се „раширува“ преку празни седишта за никој да не седне покрај него.
  • „Код 300“ или „ангел“ – сериозна ознака која значи дека патник починал за време на летот.
  • „ABP“ (able-bodied passenger) – „способен патник“ на кој екипажот може да смета во случај на итност.

Внимавај ако те викнат „Филип“

Ако слушнете дека ве нарекуваат „VIP“, не радувајте се прерано – тоа меѓу персоналот често значи „very irritating passenger“ (многу иритантна личност).

Но најлошиот прекар што можете да го добиете е „Филип“.
Еден член на авио-екипаж објаснил дека терминот доаѓа од фразата PILP – passenger I’d like to punch („патник што би сакал да го удрам“).

Со текот на времето фразата станала поблага, но значењето останало исто: ако сте „Филип“, екипажот нема многу трпение за вас – и веројатно ќе добиете полоша услуга до крајот на летот.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.