Колку и да сме зафатени со обврски, постои едно нешто што прави разлика: свеж, домашен оброк подготвен со љубов и топлина. Да, во денешниот брз и модерен свет, тешко е да најдеме време и за домашно подготвена храна, но како ќе ги научиме најмалите за здрави навики, ако истите не ги започнеме дома? Децата не учат од „јади ова, не јади тоа“. Тие учат кога ќе видат дека сите заедно ја јадеме истата чорба, дека сите заедно јадеме на маса и додека јадеме нема телевизор, нема телефони. Без исклучок. Кога ќе влеземе во кујната, кога ќе седнеме дома со семејството околу трпезата, креираме повеќе од само оброк. Создаваме сеќавање, пренесуваме навики, формираме иднина.
Истражувањата на Harvard Health Publishing покажуваат дека децата кои почесто јадат заедно со родителите консумираат повеќе овошје и зеленчук, а помалку брза храна и вишок шеќер. Поради тоа, секој родител може да стане вистински модел за своето дете, преку изборот на храна, но и преку навиката да се седи заедно, да се зборува, да се готви.
Вклучете ги децата во готвењето и ќе изедат сè!
Научниците од University of Alberta велат дека децата кои помагаат во готвењето почесто пробуваат нова храна и имаат подобар однос кон здравите намирници.
Вклучете ги уште денес:
- нека го измијат зеленчукот,
- нека ја замешаат супа,
- нека ја додадат „тајната состојка“
Кога тие помагаат, храната станува нивна. И ја јадат со гордост.
Домашна чорба, малку љубов и една тајна состојка
Кога времето е кратко, а сакаме нешто топло, вкусно и домашно, чорба или манџа е секогаш добар одговор. Тука влегуваат и булјоните на MAGGI говедски или пилешки, како практичен, брз и вкусен начин да се даде темелна база за супа или манџа со свежи состојки, без да се компромитира вкусот или здравјето. Родителите можат лесно да зготват: зелка, морков, компир, парче месо + коцка булјон MAGGI = топол оброк што ги зближува.
Ако во домаќинството се практикуваат оброци подготвени со свежи состојки и минимална преработка, децата учат да ја препознаваат храната како нешто што се заснова на внимание и избор, а не само на брзина. Булјоните MAGGI може да бидат лесно решение кога времето е ограничено, но целта е да се додадаат свежи состојки и да се вклучи детето во готвењето: „Како ќе го подготвиме денешниот оброк? Што ќе ставиме?“
Заедничка трпеза, заедничка навика
Истражувањата покажуваат дека семејните оброци, каде сите седат и јадат без екран, го намалуваат ризикот од прекумерна телесна тежина и поттикнуваат побалансирана диета кај децата. Овие моменти се можност да се разговара, за денот, за училиште, за соништа. Во исто време, родителите покажуваат пример: тие што јадат зеленчук или манџа подготвена дома се идол за своите мали „наследници“.
Практичен чекор напред
За родителите кои имаат динамичен распоред:
- Одредете еден ден во неделата кога заедно ќе подготвувате супа или манџа;
- Дозволете детето да избере еден зеленчук што ќе го ставите, или да помогне со мешањето;
- Кога сервирате, исклучете телевизорот и телефонот, направете момент за разговор;
- Нека оброкот биде топол и семеен, а булјонот MAGGI биде „тајната состојка“ која го поврзува брзото решение и вистинската грижа.
На крајот на денот…
Формата и вкусот на оброците може да се променат, но една работа останува иста: кујната и трпезата имаат моќ да создадат темели за целиот живот. Со вклучување на децата во процесот, им го даваме подарокот на навиките, навики кои носат здравје, сигурност и радост. Зашто децата не ги паметат рецептите. Ги паметат моментите.
А здравите навики? Тие почнуваат од нас.